Ајде да возиме велосипед

Креираме маичка, кацига и ги почитуваме сообраќајните знаци на патот

Вовед:

  • Со оваа активност учениците ќе имаат можност да се релаксираат преку креирање на свој дизајн за маичка која ќе ја носат додека возат велосипед, како и да ја дизајнираат својата кацига која Вело Училишта препорачува да ја носат при секое возење на велосипед.

Цели:

  • Изразување на својата креативност и имагинација, како и перцепција на сообраќајните знаци на патот.

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Креативен метод на учење
  • Перцепција и меморија

Форми на работа:

  • Индивидуален

Вид на активноста:

  • Секој ученик  ја изразува својата креативност преку креирање на свој дизајн за маица и кацига кои ќе ги носи додека вози велосипед, како перцепција и меморирање на сообраќајните знаци кои ги среќаваат по патот до училиште.

Како се спроведува вежбата:

  • Секој ученик во одделението треба да добие по еден примерок од сите три темплејти кои  се наоѓаат во крајниот дел од оваа дневна подготовка. Секој ученик индивидуално треба да го креира својот дизајн за маица и кацига, како и да се сети кои бои ги има на сообраќајните знаци кои ги среќава по патот до училиште.

Потребни матријали:

  • Испечатен дел од вежбата за секој ученик
  • Боички: дрвени, мрсни, водени, темперни, фломастери

Очекувани резултати:

  • Развивање на креативноста и имагинацијата како и добра забава ☺

Времетраење на вежбата: 30-40 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Биди виден, и изгледај паметно! Дизајнирај маичка која со сигурност ќе те направи да си приметен/а додека возиш велосипед.

t-shirt-blank.jpg
bicycle-helmet-clipart-4.jpg

Опреми се! Направи кул дизајн за површината на шлемот. Ајде да видиме кој од нас сите другари ќе има најсупер идеја!

Патните знаци мора да ја пренесуваат информацијата или предупредувањата на брз и јасен начин. Обиди се да се сетиш на боите на овие два знака и обој ги со истите. 

unnamed.png

Предизвик плус: Пробај да дизајнираш патен знак кој ќе им даде до знаење на возачите дека на патот напред има велосипедисти, или пак дизајнирај порака за велосипедизам која треба да биде видена.

Signs.png

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе