Второ издание на Експедиција: Низ срцето на Илинден!

ВЕЛО УЧИЛИШТА

учествуваше на Eкспедицијата „Низ срцето на Илинден“

sun


На 28 Април во населбата Илинден се одржа второто издание на МТБ Експедицијата „Низ срцето на Илинден“.

Голем број учесници ја започнаа и завршија експедицијата, чија патека беше во должина од 42 км . Додека учесниците возеа, тимот на Вело Училишта ги забавуваше најмалите велосипедисти. Ги учевме за „Oснови за возење на велосипед на планина за најмладите“ и им ја покажавме  онлајн платформа и онлајн игрите за млади  од проектот New Wheels of Change. Преку вежбите „Цик-Цак“ и „Бавна трка“ децата ги подобруваа своите велосипедски вештини. Преку играта „Меморија“ ја тренираа својата меморија и ги учеа деловите на велосипедот. За брзите и спретни велосипедисти ја подготвивме играта „Сложувалка“ кои требаа да ги соберат деловите од сложувалката и да ја комплетираат целата сложувалка за најбрзо можно време.На крајот децата добија на подарок маици со логото на Вело Училишта.

Откако се вратија од експедицијата МТВ велосипедистите, уморни, но сепак во добро расположение покажаа голем интерес за вело активностите кои ги подготвивме за нив. 

Го проверивме нивното вело знаење преку онлајн платформата, како дел од проектот од Youth & Commute, каде учесниците одговараа на интерактивни квизови и имаа можност да ги погледнат видеата и инфографиците изработени во текот на проектот. И ги запознавме со „Важноста на урбаниот велосипедизам и предлози како да се промовира и поддржи како одржлив начин на транспорт“

 Исто така им го претставивме RE-Cycling проектот односно Oнлајн курсот за велосипедизам, чија програмата е составена од 3 модули:

– Одржлив и циркуларен велосипедизам 

– Поправка на велосипеди

– Повторна употреба на велосипед и безбедно отстранување 

Голема благодарност на поканата на МТВ Илинден да бидеме дел од овој прекрасен настан.


Автор Velo Schools