Trails of Change: Ново Erasmus+ патување за одржливо движење на отворено

Утре официјално го започнуваме Erasmus+ проектот „Trails of Change“со првиот Kick-off состанок, кој се одржува во Финска. Овој состанок го означува почетокот на една две и пол годишна соработка со проектни партнери од повеќе европски земји, обединети околу заедничка визија – одржливо, инклузивно и активно користење на просторот на отворено.

Во наредниот период, проектот ќе се фокусира на поврзување на природата, движењето и луѓето преку активности како планински велосипедизам, планинарење и планинско трчање. Овие активности не се само спорт, туку и моќна алатка за подигнување на еколошката свест, поттикнување на инклузијата и промоција на активна мобилност кај различни целни групи.

Kick-off состанокот во Хелсинки претставува можност за запознавање на партнерите, усогласување на проектните цели и активности, како и размена на искуства и добри практики. Во текот на двата работни дена, фокусот ќе биде ставен на градење силна меѓународна соработка и поставување цврсти темели за успешна имплементација на проектот.

Вело Училишта, како дел од овој проект, ќе придонесе со своето искуство во едукација, безбедно и одговорно користење на велосипедот и промоција на активни и одржливи начини на движење. Преку „Trails of Change“, целта е да се создадат нови пристапи и алатки кои ќе го направат движењето на отворено подостапно и попривлечно за сите.

Ова е само почетокот на една долгорочна приказна која носи нови идеи, партнерства и можности за позитивни промени. Во наредниот период ќе споделуваме новости и резултати од проектот, со надеж дека ќе инспирираме уште повеќе луѓе да се движат активно и одговорно во природа.

Автор Velo Schools

Вело Училишта и Шар Планина – заедно за одржливи планински патеки и зелени спортски настани!

На покана на Вело Училишта, Националниот парк Шар Планина се приклучи како клучен природен партнер во европскиот проект „Trails for Change“, кој обединува организации од 8 европски земји со цел воспоставување одржлива рамка за управување со планински патеки, велосипедизам, трејл трчање и планинарење. Проектот создава рамнотежа помеѓу сè поголемата популарност на спортовите на отворено и […]

Прочитај повеќе

Trails for Change – Kick-off состанок во Финска

Почеток на нова европска приказна за одржливи патеки и спортови на отворено Вело Училишта со задоволство учествуваше на почетниот (Kick-off) состанок на Erasmus+ Sport проектот Trails for Change, кој се одржа во Финска и со кој официјално започна оваа значајна европска соработка. Проектот Trails for Change ги обединува организациите од Македонија, Србија, Словенија, Австрија, Холандија, […]

Прочитај повеќе