ReCYCLE-ALL

Мобилност на спортски работници

Референтен број на проектот: 2026-1-MK01-KA182-SPO-000394576
Почеток на проектот: 01.06.2026
Времетраење: 12 месеци
Крај на проектот: 31.05.2027
Координатор на проектот: Velo Schools (МК)
Организација домаќин: Vuelta Sportegyesület (HU)

Опис на проектот

ReCYCLE-ALL – Рекреативен велосипедизам за сите возрасни групи е проект во рамки на програмата Еразмус+ KA182-SPO, насочен кон зајакнување на компетенциите на инструкторите за велосипедизам од Вело Училишта преку следење на работата (job shadowing) на спортски професионалци во Унгарија.

Проектот го промовира рекреативниот велосипедизам како инклузивен спорт на локално ниво и форма на редовна физичка активност за деца, млади, семејства и повозрасни лица.

Цели

  • Унапредување на професионалните и педагошките компетенции на инструкторите за велосипедизам преку меѓународно следење на работата.
  • Зајакнување на способноста на инструкторите за прилагодување на рекреативните велосипедски активности на различни возрасни групи и способности.
  • Промовирање на велосипедизмот како инклузивен спорт на локално ниво и форма на редовна физичка активност.
  • Интегрирање на нови методологии за рекреативен велосипедизам во обуките и развојот на програмите на Вело Училишта.
  • Зајакнување на европската соработка и размената на добри практики меѓу спортските организации.

Очекувани резултати

  • Инструктори за велосипедизам со унапредени вештини за рекреативни, инклузивни и возрасно прилагодени велосипедски активности.
  • Подобрени методи за работа со деца, семејства, млади, повозрасни лица и групи со различни способности.
  • Интегрирање на нови пристапи во интерните обуки за инструктори и програмите на Вело Училишта.
  • Подобро структурирани, побезбедни и поинклузивни велосипедски активности на локално ниво.
  • Интерни активности за споделување знаења преку кои искуството стекнато за време на мобилноста ќе се пренесе на другите инструктори.
  • Зајакната долгорочна соработка со унгарскиот партнер и зголемен капацитет за идни европски спортски иницијативи.
Автор Velo Schools

Pedal Green-Инклузивен велосипедизам, животна средина и младинска работа за сите

Референтен број на проектот: 2026-1-MK01-KA153-YOU-000390380Почеток на проектот: 01.06.2026Времетраење: 12 месециКрај на проектот: 31.05.2027Координатор на проектот: Velo Schools (МК)Партнерски организации: Active Zone Outdoor (CY), CENTRO SOCIAL E PAROQUIAL SANTOS MARTIRES (PT) Опис на проектот Педал Грин – Инклузивен велосипедизам, животна средина и младинска работа е проект во рамки на програмата Еразмус+ KA153, насочен кон зајакнување на […]

Прочитај повеќе

RE:ENGAGE – Поддршка за младите преку мобилност, вклучување и нови можности

Velo Schools е партнер во проектот RE:ENGAGE, кој има за цел градење на капацитетите, унапредување на способностите и овозможување на препознавање на таргет групите преку мобилност. Проектот е насочен кон т.н. NEET млади – млади кои не се во работен однос, образование или обука. Посебен фокус ќе биде ставен на поголемото вклучување на девојките, преку […]

Прочитај повеќе