ВЕЛО УЧИЛИШТА

ЕВАЛУАЦИИ-УЧИЛИШТА

ПРВА ЕВАЛУАЦИЈА

Првата евалуација беше спроведена во учебната 2018/2019 година, во која учествуваа 10 основни училишта од 5 општини во Македонија. Темата која се обработуваше во првата евалуација е:

Проценка на капацитетот на училиштата во спроведување на велосипедски активности.

Добиените резултати беа навистина позитивни во насока на покажаниот голем интерес за спроведување на велосипедски активности од страна на учениците, наставниците и родителите.

ВТОРА ЕВАЛУАЦИЈА

Во учебната 2019/2020 година беше спроведена и втората евалуација, која ги опфаќаше следните теми:

Проценка на капацитетот на училиштата во спроведување на велосипедски активности.

Проценка на инфраструктурата во и околу училиштата, како и проценка на безбедноста на сообраќајот во близина на училиштата.

Податоците што се анализираа се од вкупно 69 одговорени прашалници, добиени од 52 училишта, кои се наоѓаат во 23 општини од Македонија. Вкупно 90 наставници беа вклучени во одговарање на прашалникот.