Референца на проектот: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303
Акроним на проектот: School Street
Датум на почеток: 01.11.2024
Времетраење: 24 месеци
Датум на завршување: 31.11.2026
Координатор на проектот: Vuelta Sportegyesület (Унгарија)
Партнерски организации: Velo Schools (Македонија), FUNDATIA COMUNITARA MURES (Романија), Voetgangersbeweging vzw (Белгија)
Цел на проектот:
Општата цел на проектот е да се имплементира сосема нова иницијатива во Унгарија, Романија и Македонија, која може да придонесе кон остварување на целите на партнерите во областа на подобрување на секојдневното возење велосипед. Користејќи го огромното искуство на белгискиот партнер во дизајнирање и имплементација на училишни улици, партнерите ќе развијат насоки за планирање и имплементација на училишни улици за основни училишта и општини, кои може да се применат во секоја европска земја.
Активности на проектот:
Главната цел на проектот е развој на насоки за планирање и имплементација на училишни улици за основни училишта и општини. Локалните активности имаат за цел организирање на пилот настани (на пр. Ден без автомобили), „споредни настани“ (на пр. педибус, бицибус) и слично.
Комуникациските активности на партнерите имаат за цел ширење на резултатите од проектот.
Проектните состаноци ќе им овозможат на партнерите редовно да дискутираат лично за секој аспект на проектот и за следните чекори во развојот.
Резултати од проектот:
Главната цел е развој на насоки за планирање и имплементација за основни училишта и општини, кои може да се споделуваат во секоја земја-партнер и да се адаптираат во секоја европска земја.
Локалните пилот-проекти ќе покажат дека не е невозможно да се организираат училишни улици во Унгарија, Романија и Македонија.
Проектот придонесува за градење на капацитетите на партнерските организации на локално, национално и меѓународно ниво преку стекнување искуство во областа на дизајнирање на училишни улици.



Во рамките на Еразмус+ проектот „Училишни улици“ (School Streets), во ООУ „Вера Јоциќ“ беа поставени информативни знаци со цел да се поттикне поголема свесност кај родителите, учениците и локалната заедница за значењето на безбедната и здрава училишна околина. Овие знаци не се само визуелен елемент – тие се порака. Порака дека безбедноста на децата е […]
Прочитај повеќе

Во рамките на Еразмус+ проектот „Училишни улици“ (School Streets), во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево беа поставени информативни знаци со цел да се поттикне поголема свесност кај родителите, учениците и локалната заедница за значењето на безбедната и здрава училишна околина. Оваа активност е дел од иницијативата „Вело Училишта“, која има за цел да промовира […]
Прочитај повеќе

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]
Прочитај повеќе

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]
Прочитај повеќе

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]
Прочитај повеќе

Во текот на Европската недела на мобилност 2025, учениците и наставниците од ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Горно Оризари, Велес активно се вклучија во различни едукативни и практични активности кои го промовираа безбедното, здраво и одржливо движење. Под водство на наставничките Есма Калач, Весна Јанковска и Анѓела Миладинова, низ училишниот двор и улиците на населеното […]
Прочитај повеќе

Иако Европската недела на мобилност е завршена, активностите за промовирање на одржлив транспорт продолжуваат. Како дел од проектот School Streets – Училишни улици, кој се спроведува во рамките на програмата Erasmus+ во соработка со ООУ „Петар Поп Арсов“ реализиравме Бицибус со 25 ученици и 2 наставници со цел подобрување на безбедноста и благосостојбата на учениците […]
Прочитај повеќе

Европската недела на мобилност ја одбележавме со уште едно возење на Бицибусот во Драчево! Во рамки на Erasmus+ проектот School Streets, децата од ООУ „Климент Охридски“ – Драчево имаа можност да искусат патување до училиште кое е безбедно, активно и забавно. На 16 септември, на првиот ден од активноста, учествуваа 25 ученици и двајца наставници, […]
Прочитај повеќе

Првиот ден од нашиот проектен состанок за Училишни улици во Антверпен беше посветен на дискусијата за насоките за училиштата и општините во организацијата на училишните улици. Во соработка со партнери од различни земји, разговаравме за предизвиците и можностите што ги носи создавањето на безбедни и пријатни училиштни зони за учениците. Од Македонија, ни се придружија […]
Прочитај повеќе

Првиот состанок за проектот School Streets / Училишни улици се одржа на 5-ти и 6-ти ноември во Будимпешта, Унгарија, и го означи почетокот на иницијативата која има за цел да ја подобри ситуацијата во зоните околу училиштата, кои често се преоптоварени со возила, особено во утринските часови кога родителите ги оставаат своите деца на училиште. […]
Прочитај повеќе