вело блог

Прочитај, раскажи, сподели…

Какво чувство Ви буди возењето на велосипед? Среќа, полет, слобода или можеби нешто друго?

Сакате индивидуално да возите или пак во друштво?

Дали се сеќавате кога за прв пат успеавте сами да возите велосипед и да стигнете до посакуваната дестинација?

Раскажете ни некое ваше патување со велосипед? Низ каква околина сте возеле? Колку долго траело вашето патување со велосипед? Со што сте се соочиле во текот на патувањето? и сл.

Имате ли интересни случки кои заслужуваат да бидат споделени со останатите?

Вашите чувства, случки, предизвици, ги пренесуваме во нашиот вело дневник преку нашите и ваши вело приказни. Велосипедизмот е тема која зближува, радува, мотивира и не активира.

Сподели ја твојата вело приказна и инспирирај ги и останатите да возат велосипед на следната меил адреса:

veloschools.ecologic@gmail.com

Искачување на Килиманџаро со велосипед

Ова беше долго планирана авантура, која се одложи поради појавата на ковид-19, но не се откажа. Најдовме начин како да ја реализираме, и тоа 100 отсто успешно. Идејата беше сите шестмина од тимот да се качиме и да се симнеме, тројца со велосипед, тројца со планинарење. А дополнително сакавме и да испишеме историја во македонскиот планински велосипедизам и првпат да го допреме врвот на Африка со велосипед.

Прочитај повеќе