ВЕЛО КАМП

ШТО ПРЕТСТАВУВА

ВЕЛО КАМП?

Организирањето на Вело Камп претставува дел од редовните активности кои Еко Логик како организација ги спроведува во рамки на програмата Вело Училишта.

На вело кампот може да учествуваат деца од основните училишта кои се членки на мрежата Вело Училишта.

Децата се делат во следните возрасни групи:

  • 7-9 годишна возраст
  • 10-12 годишна возраст и
  • 12-14 годишна возраст.
sun

kids-on-bike-1
Пеперутки

Активности кои се спроведуваат за време на вело кампот, а се распредени според возрасните категории на пријавените деца:

  • Запознавање и учење на основни информации за велосипед
  • Видови велосипеди
  • Велосипедски делови
  • Рачни сигнали
  • Правилно местење на заштитна кацига
  • М-проверка на велосипедот
  • Лепење гума
  • Учење и совладување на велосипедски вештини како: баланс, конторла, тргнување, забрзување, запирање
  • Полигонско возење
  • Едукативни игри кои ги обработуваат темите: велосипедизам, одржлив транспорт, безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина
ВЕЛО КАМП 2020

о.Михајлово, Кавадарци

Во периодот од 09.09-11.09.2020 од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик беше организиран Вело Камп во одмаралиштето Михајлово кое се наоѓа на планината Кожуф, оддалечено 38 километри од Кавадарци.

kids-on-bike-1
sun