Проект: RE:ENGAGE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност
Вело Училишта и Национален младински совет на Македонија (НМСМ) објавуваат Јавен повик за избор на 20 млади лица за учество на четиридневен камп за активна мобилност, кој ќе се одржи од 31 август до 3 септември 2026 година во Охрид.
За што станува збор?
RE:ENGAGE има за цел повторно да ги мотивира и вклучи младите кои се наоѓаат надвор од системите на образование, вработување и обука, преку практични, интерактивни и инклузивни активности поврзани со активната мобилност(движење), личниот развој и граѓанското учество.
Во текот на четирите дена учесниците ќе имаат можност да:
- стекнат практични знаења за активната мобилност, безбедното движење и одржливите начини на транспорт;
- развиваат комуникациски, лидерски и тимски вештини;
- ја зајакнат својата самодоверба, иницијативност и активно учество во заедницата;
- научат како преку мали локални акции можат да придонесат кон побезбедни, позелени и поинклузивни заедници;
- стекнат искуство кое може да придонесе за нивната понатамошна вработливост, образование и личен развој.
- По завршувањето на кампот, учесниците ќе бидат охрабрени да реализираат кратки младински активности во своите локални заедници, со поддршка од проектниот тим.
Кој може да се пријави?
Повикот е наменет за 20 млади лица на возраст од 16 до 30 години од Северна Македонија кои припаѓаат на NEET групата.
Под NEET (Not in Education, Employment or Training) се подразбираат млади кои во моментот:
- не се вработени;
- не посетуваат формално образование;
- не се вклучени во програми за стручна обука или доусовршување.
Особено се охрабруваат да аплицираат млади кои се соочуваат со социјални, економски или географски пречки, имаат ограничени можности за личен и професионален развој или подолго време не биле активно вклучени во образовни или работни процеси.
Што е обезбедено?
За сите избрани учесници ќе бидат обезбедени:
- сместување;
- храна и освежување за време на кампот;
- работни материјали;
- организирана програма со обучувачи и ментори;
- Сертификати и признанија;
- покривање на патните трошоци согласно правилата на проектот.
Зошто да учествувате?
Со учеството ќе имате можност да:
- стекнете нови практични знаења и вештини;
- запознаете врсници од различни средини;
- ја зголемите својата самодоверба и мотивација;
- придонесете кон развојот на вашата локална заедница;
- станете дел од меѓународен Еразмус+ проект кој ги поврзува младите од Северна Македонија, Австрија и Бугарија.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да пополнат онлајн пријава (Google Form), која треба да содржи:
- основни лични податоци;
- контакт информации;
- краток опис на моменталниот статус (NEET);
- Мотивација за пријавувањето
- За малолетните лица Изјава од родител (Се доставува при евентуален избор)
Рок за пријавување: 24.08.2026 до 16:00ч
Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк.
Јавниот повик е дел од проектот RE:ENGAGE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност кој се спроведува во рамки на програмата Еразмус+ КА220 – Партнерства за соработка во областа на младите, со референтен број 2025-2-MK01-KA220-YOU-000379250, во партнерство помеѓу Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Вело училишта (Северна Македонија), BIKE – Bündnis für klimaschonende Initiativen und Kooperationen in Europa (Австрија) и Здружение РЕ-АКТ (Бугарија). Кофинансирано од Европската Унија во рамки на програмата Erasmus+ KA2. Програмата ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.



