ВЕЛО УЧИЛИШТА

КУРСЕВИ

Наскоро, наскоро, наскоро…

2020 година беше година исполнета со многу предизвици, меѓу кои и дигитализацијата на образованието и целосната едукација. Еко Логик како организација која е насочена кон неформалното образование, преку програмата Вело Училишта која успешно се имплементира од 2018 година во над 148 основни училишта во Македонија, креативно одговори и се прилагоди на сите досегашни предизвици. Интегрирањето на темата велосипедизам во основното образование се одвива непречено во основните училишта, со спроведување на активности кои ги насочуваат децата, наставниците и родителите кон секојдневно и безбедно користење на велосипедот како алтернативно превозно средство од дома до училиште и обратно.

Меѓутоа соочени со фактот дека на сите нас (деца, млади, возрасни) ни е потребно унапредување на сопственото знаење за безбедноста на сообраќајот, што значи и како да се биде безбеден учесник во сообраќајот, како и за правилното користење на велосипедот во секојдневието, тимот на Вело Училишта, во месец Јули 2020 земаа активно учество во обука за инструктори за велосипедизам, организарана од велосипедско училиште од Австрија во соработка со Klimaactiv mobil менаџментот на Австриската агенција за енергија, Федерално Министерство за заштита на климата, животната средина, енергија, мобилност, иновации и технологија на Австрија, и Австриската асоцијација за велосипедизам, чија наставна програма е дизајнирана според климатските промени, со докажани методи за велосипедизам.

Со таа цел, со огромно задоволство Ви најавуваме дека во многу блиска иднина следува навистина нешто интересно, корисно и едукативно. Следете ја веб страната на Вело Училишта, како и социјалните медиуми каде ќе бидат споделени најновите информации.

Вело Поздрав!