RE:ENGAGE – Поддршка за младите преку мобилност, вклучување и нови можности

Velo Schools е партнер во проектот RE:ENGAGE, кој има за цел градење на капацитетите, унапредување на способностите и овозможување на препознавање на таргет групите преку мобилност.

Проектот е насочен кон т.н. NEET млади – млади кои не се во работен однос, образование или обука. Посебен фокус ќе биде ставен на поголемото вклучување на девојките, преку активности кои ќе придонесат за нивно активно учество и поголема инклузивност.

Досега успешно се одржа kick-off состанокот на партнерите, на кој беа поставени основите за реализација на проектот. Во моментов партнерските организации се подготвуваат за спроведување на првиот камп, кој претставува почеток на активностите предвидени во рамки на проектот.

Во текот на имплементацијата ќе бидат изработени повеќејазични алатки и прирачници, со цел да се обезбедат практични ресурси за работа со целните групи. Покрај тоа, проектот ќе поттикне спроведување на различни иницијативи и користење на сторителинг како начин за споделување искуства и промовирање на активното учество на вклучените лица.

Проектот го предводи Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а се реализира во партнерство со Velo Schools, Bündnis für klimaschonende Initiativen und Kooperationen in Europa (BIKE) од Австрија и SDRUZHENIE REACT од Бугарија.

Автор Velo Schools

ReCYCLE-ALL

Мобилност на спортски работници Референтен број на проектот: 2026-1-MK01-KA182-SPO-000394576Почеток на проектот: 01.06.2026Времетраење: 12 месециКрај на проектот: 31.05.2027Координатор на проектот: Velo Schools (МК)Организација домаќин: Vuelta Sportegyesület (HU) Опис на проектот ReCYCLE-ALL – Рекреативен велосипедизам за сите возрасни групи е проект во рамки на програмата Еразмус+ KA182-SPO, насочен кон зајакнување на компетенциите на инструкторите за велосипедизам од […]

Прочитај повеќе

Pedal Green-Инклузивен велосипедизам, животна средина и младинска работа за сите

Референтен број на проектот: 2026-1-MK01-KA153-YOU-000390380Почеток на проектот: 01.06.2026Времетраење: 12 месециКрај на проектот: 31.05.2027Координатор на проектот: Velo Schools (МК)Партнерски организации: Active Zone Outdoor (CY), CENTRO SOCIAL E PAROQUIAL SANTOS MARTIRES (PT) Опис на проектот Педал Грин – Инклузивен велосипедизам, животна средина и младинска работа е проект во рамки на програмата Еразмус+ KA153, насочен кон зајакнување на […]

Прочитај повеќе