Европската недела на мобилност ја одбележавме со уште едно возење на Бицибусот во Драчево! Во рамки на Erasmus+ проектот School Streets, децата од ООУ „Климент Охридски“ – Драчево имаа можност да искусат патување до училиште кое е безбедно, активно и забавно.
На 16 септември, на првиот ден од активноста, учествуваа 25 ученици и двајца наставници, додека на 17 септември, вториот ден, 20 ученици и еден наставник се придружија на возењето. Секој ученик имаше своја „станица“, а возењето се одвиваше по однапред утврдена рута.
Зошто Бицибусот е важен?
✅ Децата се здрави и активни
✅ Намалување на сообраќајот пред училиштата
✅ Почист воздух за сите семејства
✅ Зајакнување на заедницата и грижа едни за други
Бицибусот не е само патување – тој е начин да создадеме побезбедни и поздрави училишни средини за нашите деца.
📢 Продолжуваме со активностите и ве покануваме да ни се придружите – заедно можеме да создадеме позитивни промени на нашите улици и патишта!


