Вовед:
- Возењето велосипед е една од првите вештини која децата ја осознаваат и учат уште од најрана возраст. Исто така возењето велосипед претставува вештина која се изучува еднаш, а останува меморирана засекогаш во нашиот живот.
Цели:
- Учење на важни информации за безбедно возење велосипед
Методи и стратегии:
- Метод на учење
- Споделување
- Разговор и дискусија
Форми на работа:
- Индивидуална
- Групна форма
Како се спроведува вежбата:
- Почитувани наставници, прочитајте и споделете ги следните важни информации со вашите ученици. Иницирајте разговор и дискусија со вашите ученици. Поттикнете ги да ги споделат своите сопствени искуства за возење велосипед. Исто така самите информации кои следуваат можете да ги спроведете и во вид на квиз или како прашања со точно/неточно.
- Драги ученици, доколку редовно возите велосипед , а имате и наполнето 10 години со кои можете практично сами (без придружба) да возите велосипед и на јавен пат следуваат важни информации кои е потребно секогаш да ги имате во предвид:
- Држете ги рацете секогаш на управувачот.
- Нозете е потребно во секое време да бидат на педалите од вашиот велосипед.
- Возењето на едно тркало може да доведе до сериозни последици.
- Вашата безбедност, како безбедноста на вашите пријатели е приоритена и исклучително важна работа и обврска.
- Со велосипед може да управува дете и со наполнети 9 години, на посебни површини со намален сообраќај, на пешачка зона, некатегоризиран пат и слично. На овие површини може да вози и дете помладо од 9 години, доколку е во придружба на постаро лице од 16 години.
- Заради своја лична безбедност пожелно е да носиш заштитна кацига, а може да носиш и штитници за лакти и колена.
- Кога возиш велосипед не смееш да носиш слушалки, или пак да користиш мобилен телефон, бидејќи тогаш е намалено твоето внимание, а тоа може да доведе до негативни последици.
- На ист велосипед смее да се вози и друго лице помладо од 9 години, но само ако велосипедот има посебно седиште и доколку возачот на велосипедот има најмалку 18 години.
- Важно е да знаеш дека на мотоцикл, мопед, трицикл е забрането возење на деца до 12 години.
- Почитувај ги и останатите учесници во сообраќајот. Како учесник во сообраќајот, кога си пешак или кога возиш велосипед или некое друго детско возило, во секој момент мораш да бидеш концентриран на возењето и на случувањата на патот.
Коментар: фотографии за секој од цитатите? Моја препорака е да има и визуелен метод на учење за да остане подобро меморирана вежбата. Дури на овој начин може да се изведе истата – фотографија покажана од наставник, а децата кажуваат што мислат за истата.
Потребни материјали:
- Испечатен примерок од оваа дневна подготовка за секој ученик/родител.
Очекувани резултати:
- Учење и меморирање на важните информации за безбедно возење велосипед
Времетраење на вежбата: 30 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |