Вело Меморија-учење на велосипедските делови

Вовед:

  • Со оваа активност учениците ќе имаат можност преку интерактивен начин да се запознаат и да ги меморираат велосипедските делови.

Цели:

  • учење на велосипедските делови

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • меморија

Форми на работа:

  • индивидуален
  • групна/тимска работа (одделението се дели во помали тимови или групи од по 4 или 5 ученика)

Вид на активноста:

  • Во оваа активност учениците се запознаваат со деловите на еден велосипед и преку визуелен начин на меморирање успеваат да ги запомнат сите велосипедски делови

Како се спроведува вежбата:

Опција 1: Индивидуална

  • Наставникот преку својот преносен компјутер ги проектира вело меморија картичките со тоа што треба насловот на картичките да го покрие за да може ученикот да го погоди делот. Од кога ученикот ќе го даде својот одоговор, се трга покриениот дел за да се увиди дали одоговорот е точен и се отвара друга картичка која го носи истиот наслов со подетални информации за самиот дел на велосипедот.

Опција 2: Групна работа

*за оваа опција наставникот/училиштето е потребно да ги има добиено физички вело меморија картите што здружението Еко Логик ги има доставено до своите членки

  • На самиот почеток наставникот го дели одделението во групи  (максимален број на ученици во група=4). 

Секоја од  групите добива по еден шпил од вело меморија картите. Картите се редат на клупа со зелената страна нагоре (сликата каде што се деловите од велосипед треба да не се гледаат). Во првиот круг секој од учениците во групата  има право само по една карта да сврти и да го меморира делот што е на другата страна. Веќе од вториот круг секој од учениците врти по две карти. Доколку спои две карти со ист дел, ги зема кај себе. Целта на играта во оваа опција е што повеќе собрани  карти со исти делови од велосипед.

Опција 3: Индивидуална

  • доколку е во согласност со нормите, правилата и прописите на училиштето/одделението/наставникот секој од учениците може да ја симне бесплатно онлајн верзијата на играта Вело Меморија на  својот мобилен или таблет и да ја игра индивидуално според насоките на истата.

-онлајн верзијата на Вело Меморија играта може да се симне на следниов линк:  https://play.google.com/store/apps/details… или

побарајте ја на Play Store како velomemory или веломеморија.

Потребни матријали:

  • проектор+компјутер
  • вело меморија карти (физички)
  • вело меморија бесплатна онлајн игра (мобилен или таблет)

Очекувани резултати:

  • Запознавање и меморирање на деловите на еден велосипед

Времетраење на вежбата: 35-40 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе