Вело новости

Овој месец носи охрабрувачки примери дека одржливата иднина е возможна – кога постојат визија, соработка и активни граѓани.

На глобално ниво, COP30 започна со силна порака: претставен е првиот остров во Латинска Америка што ќе работи 100% на обновлива енергија – Фернандо де Нороња. Инвестицијата во соларна енергија и батериски системи е чекор кон целосно напуштање на фосилните горива. Дополнително, научниците потврдија дека озонската дупка во 2025 година е една од најмалите досега, што е директен резултат на глобалната соработка и Монтреалскиот протокол.

Во Европа, нова студија покажува дека споделувањето велосипеди носи 305 милиони евра годишни придобивки, намалува CO₂ емисии, ги подобрува здравјето и економијата и создава илјадници работни места – силен аргумент зошто активната мобилност треба да биде приоритет.

📍 Во Македонија, Еко Логик е избран за контакт точка на Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF) за Скопје – значајно признание и можност младите активно да учествуваат во креирање климатски политики и иницијативи.

🚲 Во образованието, ноември беше месец на активност: преку програмата Вело Училишта, учениците учеа за безбедност, мобилност и одговорно учество во сообраќајот – уште еден доказ дека навиките за одржливост се градат од најмали.

А дома, секој од нас може да придонесе: со намалување, повторна употреба и рециклирање, со мали семејни активности и со учење на децата дека грижата за животната средина започнува од секојдневните избори.

Автор Velo Schools

Вело Училишта и Шар Планина – заедно за одржливи планински патеки и зелени спортски настани!

На покана на Вело Училишта, Националниот парк Шар Планина се приклучи како клучен природен партнер во европскиот проект „Trails for Change“, кој обединува организации од 8 европски земји со цел воспоставување одржлива рамка за управување со планински патеки, велосипедизам, трејл трчање и планинарење. Проектот создава рамнотежа помеѓу сè поголемата популарност на спортовите на отворено и […]

Прочитај повеќе

Вело Училишта – новости | Јануари & Февруари

Во првите месеци од годината, Вело Училишта продолжи со активности насочени кон безбедност, знаење и создавање здрави навики кај учениците. Преку интерактивни игри, квизови и практични задачи, децата учеа за деловите на велосипедот, заштитната опрема и правилата во сообраќајот но и за тимската работа и одговорноста во заедницата.. Активностите во училиштата покажаа дека кога учењето […]

Прочитај повеќе