Едукативни програми за промовирање на велосипедизмот од Youth & Commute

Едукативните програми наменети за промовирање на велосипедизмот кај младите, создадени преку проектот Youth & Commute, обезбедуваат широк спектар на ресурси и алатки за младински работници и едукатори и социјални. Овие програми вклучуваат:

1.YOUTH AND COMMUTE Youtube канал

ouTube каналот на Youth & Commute Project нуди практични видеа за урбан велосипедизам, покривајќи теми како безбедност на велосипедот, употреба на опрема и купување на половни велосипеди. Овие ресурси имаат за цел да ги поттикнат маргинализираните млади да го прифатат велосипедот како одржлив начин на транспорт.

2.Инфографиците од сите партнери

Инфографиците создадени преку проектот Youth&Commute содржат визуелни водичи кои промовираат урбан велосипедизам кај маргинализираните млади. Овие инфографици опфаќаат теми како што се придобивките од возењето велосипед, безбедносни совети и чекори за започнување на патување со велосипед, со цел да се едуцираат и охрабрат младите да го прифатат велосипедот како одржлив начин на транспорт.

3. Тренинг програмата на македонски, креирана во проектот Youth&Commute: A structured approach for mobility of marginalized youth

Тренинг програмата претставува алатка наменета за европските младински работници, социјални специјалисти и едукатори, со цел да им помогне да развијат стратегии и знаења за промовирање на урбано велосипедско патување.  

4. Е-курс за младински работници

Курсот Fix & Ride / Youth & Commute е дизајниран за младински работници и едукатори да ги ангажираат маргинализираните млади преку едукација за велосипедизам. Вклучува модули за безбедност на велосипеди, одржување, зелен транспорт и културна инклузивност, со видеа, инфографици и практични активности достапни на повеќе јазици. Учесниците кои ќе го завршат курсот добиваат сертификат и пристап до приспособени материјали за работа со различни заедници

5. Интерактивна содржина за запознавање со основи на велосипедизам за млади

Проектот Youth & Commute нуди интерактивни ресурси за промовирање на велосипедизмот кај младите. Интерактивната слика за започнување со возење велосипед обезбедува чекор-по-чекор насоки за почетниците. Дополнително, интерактивната слика за тоа како велосипедите го променија светот го истакнува глобалното влијание на велосипедизмот.

Овие стави ги во Едукативни програми na veloschools.mk, но кога ќе се кликне да дава само насловна фотографија, и кратко инфо за подетални информации обратете се на veloschools.ecologic@gmail.com

Автор Velo Schools

Велосипедизмот како начин на живот – Продолжуваме со практичната едукација во Oпштина Карпош!

Во рамките на проектот „Едукација за безбедност во сообраќајот и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“, започнавме со практичните работилници низ сите основни училишта во општината. Денешната станица беа: Наставниците и учениците активно се вклучија во едукативни и практични активности со цел унапредување на знаењата за […]

Прочитај повеќе

Вело Училишта започнува стратешка соработка со АМСМ: Заедно кон побезбедна и поодржлива урбана средина

Со задоволство ја објавуваме нашата нова стратешка соработка со АМСМ (Автономен Моторен Сојуз на Македонија)! Заедно, ќе работиме на унапредување на велосипедизмот и подобрување на безбедноста во сообраќајот, и тоа не само во нашите училишта, туку и во целата заедница. Како ќе се обединат нашите ресурси? Во Вело Училишта, имаме развиено програма со квалификувани тренери […]

Прочитај повеќе