Извештај за вклученост во Европска недела на мобилност 2025 ООУ „Кочо Рацин“ – Блатец со ПУ Липец и ПУ Лаки

Во рамките на Европската недела на мобилност 2025, училиштето ООУ „Кочо Рацин“ – Блатец, заедно со подрачните училишта во Липец и Лаки, активно се вклучи во промовирањето на одржлива и безбедна мобилност преку низа креативни и едукативни активности.

Под координација на Татјана Анакиева и со тимска поддршка од наставничките Михаела Воинова, Станка Ѓеорѓиевска, Драгица Стаменкова, Сара Пешова, Билјана Ристова, Марина Пецова и образовниот асистент Михаела Ристов, учениците од сите паралелки учествуваа во активности кои ги поттикнаа да размислуваат за важноста на велосипедот како еколошко и здраво превозно средство.


Креативно запознавање со велосипедот

📅 15 септември 2025
Неделата започна со работилницата „Мојот велосипед“ и играта „Точка до точка“, преку кои најмладите ученици имаа можност да го изразат своето познавање и љубов кон велосипедите. Преку цртање, бојадисување и споделување идеи, децата научија дека велосипедот не е само средство за игра, туку и начин на одржливо движење.


🧩 Едукативни игри за велосипедските делови

📅 16 и 17 септември 2025
Со активностите „Меморија“, „Повеќенасочник“ и креативната работилница „Циклолаж“, учениците на забавен начин ги открија различните делови на велосипедот и нивната функција. Овие активности ја поттикнаа нивната логика, концентрација и соработнички дух, а воедно создадоа простор за тимска игра и учење преку искуство.


Дизајнирање на велосипедска опрема

📅 18 септември 2025
Следуваше работилницата „Дизајн на кацига“, каде учениците имаа задача да креираат свој уникатен дизајн на заштитна опрема. Преку оваа активност, се нагласи значењето на безбедноста при возење велосипед и важноста на личната заштита.


„Мобилност за сите“ – практични активности

📅 19 септември 2025
Неделата заврши со возбудливо дефиле во училишниот двор, каде учениците практично ја демонстрираа својата подготвеност и вештини за безбедно управување со велосипед. Настанот ја пренесе пораката дека мобилноста треба да биде достапна за сите – без разлика на возраста, местото на живеење или можностите.


Во активностите беа вклучени:
👩‍🏫 8 наставници
👧 30 ученици
👨‍👩‍👧‍👦 родители и деца од ранливи категории


🏆 Резултати од најактивните училишта

По внимателна евалуација според критериумите за активност и инклузивност, со задоволство ги објавуваме резултатите за најактивните училишта во септемврискиот повик:

Второ место: ООУ „Кочо Рацин“ – Блатец со ПУ Липец и ПУ Лаки

Со оваа иницијатива, ООУ „Кочо Рацин“ – Блатец уште еднаш покажа дека преку образование, креативност и активна вклученост, може да се развива свеста кај младите за одржлива иднина и безбедна мобилност.

Честитки до целиот наставен тим и учениците за нивната посветеност и ентузијазам!

🔗 Повеќе фотографии и видеа од активностите може да ги погледнете на:

ЛИНК ДО ОБЈАВАТА ( ВИДЕО ОД ЗАВРШНО ДЕФИЛЕ)

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе