Кој сака да биде велосипедист

Question Mark On Colorful Paper

Вовед:

  • Со оваа активност учениците ќе имаат можност преку интерактивен начин да се запознаат со основните делови и информации за велосипедот како превозно средство. Преку точен одговор на прашањата им е овозможено да собираат поминати километри, а со тоа да дојдат до крајната посакувана цел која е освоени односно поминати 1 милион километри со „велосипед“ ☺.

Цели:

  • Поминати 1 милион километри со велосипед

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • интеракција

Форми на работа:

  • Индивидуална работа (секој ученик посебно одговара на прашањата)
  • Групна/тимска работа (одделението се дели во помали тимови или групи и секој од тимовите/групите дава заеднички одоговор)

Вид на активноста:

  • Во оваа активност учениците имаат за цел да од понудените одговори го одберат точниот, а со тоа да го зголемуваат поминатиот број на километри и дојдат до крајната посакувана цел од 1 милион поминати километри со „велосипед“. 

Како се спроведува вежбата:

  • Опција 1: Наставникот ја проектира играта преку проектор на табла од својот преносен компјутер.  Играта е во Power Point формат. Наставникот ги чита редоследно прашањата на глас. Секој од учениците индивидуално го дава својот одоговор избран од понудените одговори. Својот одговор секој ученик го пишува на лист хартија и го крева нагоре за да може наставникот да го види. Доколку некој од учениците погрешно одговори на дадено прашање останува на истото прашање, односно не одговара на следните.
  • Опција 2: На самиот почеток наставникот го дели одделението во тимови/групи  (максимален број на ученици во тимот=4). Секој тим има свои тим лидер кој гласно ќе го споделува заедничкиот одоговор од целиот тим. Секој тим треба пред себе да има листови хартија и молив/пенкало на кој ќе го запишуваат својот одговор.

Од својот преносен компјутер на проектор наставникот ја проектира играта и започнува со читање на прашањата на глас  редоследно. Со секое одговорено прашање од десната страна се покажува по колку километри се поминуваат со „велосипед“. Тимот/групата која ќе даде погрешен одговор на било кое прашање одпаѓа од натпреварот.

Потребни матријали:

  • проектор+компјутер
  • листови хартија
  • пенкало или молив (за пишување на одоговорите)

Очекувани резултати:

  • Совладување на основните информации за еден велосипед

Времетраење на вежбата: 30-35 минути

*Дополнителни информации за наставникот: 

За секој поминат километар во играта, бројката на километрите  можете да ја  асоцирате со интересни факти како на пример: 

100км= е дистанцата помеѓу Скопје и Неготино

200км= е дистанцата помеѓу Скопје и Ниш

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе