Вовед:
- Настанот велосипед-до-училиште е одличен начин да се започне интерес и ентузијазам за велосипедизам.
Цели:
- Велосипедска едукација
- Свесност за безбедноста во сообраќајот
- Искуство во мапирање на соодветни патеки
- Унапредување на велосипедските вештини
- Семејни придобивки на искрено, позитивно и забавно време поминато заедно
Методи и стратегии:
- Практично учење
- Визуелност
- Перцепција
- Меморија
Форми на работа:
- групна/тимска работа
Вид на активноста:
- Целосен училишен вело-настан бара многу работа за да се оствари и координира, и креира одредени можности како:
- Овозможена велосипедска едукација на учениците. Од разгледување на правилата за патот, до подучување на велосипедски вештини, секој мал дел им помага на учениците да се припремат и да се возбудени за возењето до училиштето.
- Се поткрева свесноста за безбедност во сообраќајот. Се разгледуваат шемите за училишниот сообраќај и однесување, со цел да се осигура безбеден настан кој ќе разјасни како да се подобрат условите за секојдневна велосипедска безбедност. Пристигнување во училиште со мал или непостоечки сообраќај е многу важно искуство за учениците и родителите.
- Проценете дали е возможно да се вози велосипед до училиштето. Со разбирање на логистичките факти за велосипедскиот паркинг и пристап кон главните настани претставува добра можност за одредување на спремноста на училиштето да собере повеќе ученици и велосипедисти од персоналот.
- Истражувајте и поврзете се со ресурси од велосипедската заедница. Настанот велосипед-до-училиште е одлична можност да се дознае кои групи и ресурси постојат во заедницата за да се промовира и поддржи редовно велосипедско возење до училиште.
- Остварете ги најдобрите услови за велосипедски патеки. Мапирање на патеките кои семејствата ќе ги користат за возење велосипед до училиште ја поткрева свеста за тие патеки, и ја потенцира загриженоста за подобрување на патеките.
- Согледајте, патување со велосипед за прв пат овозможува на семејствата да откријат придобивки и да си поминат забавно.
Како се спроведува вежбата:
- Обезбедете предвремени известувања за да можат родителите да ги припремат велосипедите на учениците.
- Креирајте план за безбедност на настанот.
- Поставете, објавете, и следете ги безбедните патеки до училиштето.
- Планирајте групни средби за возење на учениците кои не можат да возат од својот дом.
- Испланирајте прослава – креирајте весела атмосфера и поканете изведувачи или специјални гости.
- Имајте формулари за регистрација на ученици/родители.
- Настанот велосипед-до-училиште се заснова на површината на училишниот двор, односно дали е соодветно подготвен за велосипеди. Ако постојат големи бариери за ова, можеби е посоодветно да се одржи варијација како Велосипедска Парада(која се наоѓа во крајниот дел од оваа дневна подготовка) или слични чекори за пристап и подобрување на велосипедизмот.
Потребни материјали:
- Ресурсите на заедницата, како волонтерите и имплементација во сообраќајот, треба да имаат улога во овој настан.
Очекувани резултати:
- Настанот велосипед-до-училиште е одлична можност да се креира интерес и да се започне редовна велосипедска програма или настан.
- Настанот велосипед-до-училиште претставува драстична промена за училишниот сообраќај за секое училиште. Успешен настан е секогаш претставен со велосипедски вештини и безбедносно тренирање на учениците, пристап и кампања за свесност за родителите, како и внимателна подготовка.
Времетраење на вежбата: 60-90 минути
*Дополнителни информации за наставникот:
Варијација: Велосипедска Парада
Ако е невозможно за некои или сите ученици да се вози до училиште, поради родителски грижи или физички бариери, организирање на Велосипедска Парада ќе овозможи на сите да учествуваат во забавата на настанот велосипед-до-училиште. Назначете целна локација и место за средба на децата и семејствата кои се заинтересирани за учество, и организирајте масовно возење до училиште. Имајте спремни шлемови, грицки, и декоративна опрема за велосипеди за да ги спремите учесниците кои ќе возат на парадата.
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |