Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини.
Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници:
- Прво место: ООУ „11 Октомври“, Куманово
- Второ место: ООУ „Гоце Делчев“, Аеродром
- Трето место: ООУ „Даме Груев“, с. Ерџелија
Нивниот ентузијазам, креативен пристап и континуирана посветеност се одличен пример за тоа како училиштата можат да бидат двигатели на позитивни промени во заедницата преку одржлива мобилност.
Им благодариме на сите училишта што учествуваа и ја збогатија програмата Вело Училишта со своите идеи и активности. Ги охрабруваме учесниците да продолжат со истата енергија и во активностите за месец Декември, а новите училишта ги покануваме да ни се приклучат и да станат дел од оваа растечка заедница.










