ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид се приклучи на Европската недела на мобилност

ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец – Охрид, како активен член на мрежата „Вело училишта“, се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност.

Под менторство на проф. Тања Пуцоска Бунческа и проф. Игор Настоски, учениците од еко-секцијата со своите велосипеди испратија силна порака за значењето на одржливата мобилност.

👉 Велосипедот не е само средство за рекреација. Тој е практичен, здрав и еколошки начин за секојдневно движење низ градот.
Со користење на велосипед:

ја штитиме животната средина,

негуваме здрави животни навики,

придонесуваме за побезбедни улици.

Учениците покажаа дека секој мал чекор кон одржлива мобилност има големо значење за иднината на нашите заедници.

Автор Velo Schools