ООУ „Вера Циривири Трена“

Продолжуваме со нашата мисија – уште едно училиште, уште една можност за нови знаења и вештини!
Овојпат ја реализиравме активноста во ООУ „Вера Циривири Трена“, каде учениците заедно со наставниците беа дел од динамичен и едукативен ден посветен на безбедно движење и одговорна мобилност во урбана средина.

Преку интерактивни активности, практични примери и заедничка работа, децата стекнуваа искуства што ќе им помогнат да се снаоѓаат посигурно во сообраќајот.


Активноста се реализира како дел од проектот:
„Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“.

Искрено им благодариме на наставниците за нивната подготвеност, ангажман и одлична комуникација. Заедно вложуваме во безбедна иднина за најмладите!

Автор Velo Schools