Учениците и наставниците активно се вклучија во предавањата и практичните вежби, каде ги изучуваа основите на велосипедизмот, рачните сигнали и правилата за безбедно движење низ урбаната средина.
Преку интерактивен пристап и тимска работа, развивавме сообраќајна култура и ги поттикнувавме учениците на одговорно учество во сообраќајот.
Проектот „Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“ е поддржан од Општина Карпош, а го реализираме во соработка со АМСМ.









