ООУ “Петар Поп Арсов”

Учениците од ООУ “Петар Поп Арсов” имаа практична и забавна едукативна сесија во училишниот двор, каде што на дело ги применуваа основите на безбедно возење велосипед.

Преку вежби, игри и симулирани ситуации, учениците развиваа вештини, самодоверба и свест за одговорно учество во сообраќајот.
Училишниот двор беше претворен во безбеден полигон за учење и истражување на активната мобилност.

Оваа активност е дел од проектот:
„Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“, кој има за цел да ја подобри сообраќајната култура уште од најрана возраст.

Со знаење, движење и тимска работа – создаваме нова генерација безбедни и одговорни учесници во сообраќајот!

Автор Velo Schools