Прв состанок за проектот Училишни улици во Будимпешта

Првиот состанок за проектот School Streets / Училишни улици се одржа на 5-ти и 6-ти ноември во Будимпешта, Унгарија, и го означи почетокот на иницијативата која има за цел да ја подобри ситуацијата во зоните околу училиштата, кои често се преоптоварени со возила, особено во утринските часови кога родителите ги оставаат своите деца на училиште.

На состанокот учествуваа претставници од четири организации, шест општини и седум основни училишта од Унгарија, Македонија, Белгија и Романија. Овие општини ќе бидат дел од пилот-проектот за имплементација на пристапите на училишните улици, со надеж за постигнување на позитивни резултати.

Од Македонија, покрај претставниците на ВелоУчилишта, учество земаа и претставници од Општина Гази Баба, Општина Карпош, како и од основните училишта ООУ “Вера Јоциќ” и ООУ “Владо Тасевски”.

Целта на проектот School Streets е да создаде побезбедна и поздравa околина за учениците, поттикнувајќи ги да пешачат или возат велосипед до училиште. Со намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето во училиштните зони, ќе се подобри безбедноста на децата и квалитетот на воздухот.

ВелоУчилишта е гордо вклучено во овој проект и ќе продолжи да работи на подигање на свеста за важноста на активниот транспорт и безбедните училишни зони. Следете нѐ за повеќе информации и новини поврзани со проектот!

Автор Velo Schools