Вовед:
- Со оваа активност учениците ќе имаат можност преку интерактивен начин да се запознаат со предностите од возење на велосипед до училиште.
Цели:
- Запознавање со предностите и недостатоците од користењето на велосипед и автомобил
Методи и стратегии:
- Интерактивен метод на учење
- Учење преку разговор
Форми на работа:
- Индивидуален и/или Групна работа
Вид на активноста:
- Преку пополнување на табелите кои се наоѓаат во крајниот дел од оваа дневна подготовка учениците ќе се запознаат со предностите и недостатоците од различен тип на превоз од/до училиште (велосипед и автомобил)
Како се спроведува вежбата:
- Секој ученик во одделението треба да добие по еден примерок од табелата што се наоѓа на крај од оваа дневна подготовка. Во истиот тој примерок секој ученик посебно треба да напише барем по три нешта кои самиот тој ги смета за предност или недостаток доколку дојде на училиште со велосипед или со автомобил.
Потребни материјали:
- Испечатен дел од вежбата за секој ученик или група на ученици
- Молив или пенкало за одговор на прашањата
Очекувани резултати:
- Запознавање со предностите и недостатоците од различен тип на превоз од/до училиште (велосипед или автомобил)
Времетраење на вежбата: 20-30 минути
*За наставничката/кот:
Иницирајте разговор и дискусија со вашите ученици со кратки потпрашања како на пр.
- Кои се предностите од возење на велосипед од/до училиште?
- Кои се предностите од возењето во автомобил од/до училиште?
- Што е разликата помеѓѕ доаѓањето на училиште со велосипед или автомобил во пролет, лето, есен или зима?
- Сподели свој личен пример за предност или недостаток од возење велосипед или возење во автомобил!
- Итн.
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |
Предности од возење велосипед
Во движење
Активност 1
Наведи ги предностите и недостатоците од секој вид на превоз.
Возење велосипед
Предности * Ми помага да се одржувам во форма (здрав)*Полесно ќе се фокусирам и концентрирам на активностите во училиште бидејќи спристугнувам на училиште расонет/а и свеж/а*не ја загадувам животната средина*Стигнувам побрзо и не заглавувам во гужва | Недостатоци * * * |
Возење во автомобил
Предности * * * | Недостатоци * Не вршам никаква вежба пред да одам на училиште * Со возењето во автомобил придонесувам кон загадување на животната средина * |