Продолжуваме со промоција на одржлив транспорт преку Бицибус со ООУ „Петар Поп Арсов“

Иако Европската недела на мобилност е завршена, активностите за промовирање на одржлив транспорт продолжуваат.

Како дел од проектот School Streets – Училишни улици, кој се спроведува во рамките на програмата Erasmus+ во соработка со ООУ „Петар Поп Арсов“ реализиравме Бицибус со 25 ученици и 2 наставници со цел подобрување на безбедноста и благосостојбата на учениците пред и по наставата. 🙌

Благодарност до наставниците и учениците кои беа дел од оваа активност!

Покрај практичното возење, учениците имаа можност да го проверат своето знаење за клучните правила за безбедност:

  • правилно давање рачни сигнали,
  • важноста на носење кацига,
  • возење еден позади друг за време на групно движење.

Во соработка со АМСМ, идната недела започнуваме со тренинзи за наставниците и училиштата кои се вклучени во проектот School Streets. Тренинзите имаат за цел да ги опремат наставниците од основните училишта со практични вештини за организирање безбедно групно возење велосипед за деца, како и да дадат насоки за безбедност за време на идното затворање на улици околу училиштата.

Со вакви активности, проектот School Streets продолжува да ја гради свеста и да создава услови за побезбедна и поодржлива урбана мобилност.

Автор Velo Schools

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе

Вело Родео во Пехчево – Почеток на новата учебна година на тркала

Денес, во Пехчево ја започнавме новата учебна година на еден поинаков и динамичен начин – со настанот Вело Родео. Настанот беше одлична можност за децата и младите да се вклучат во активности кои ги поттикнуваат на физичка активност, тимска работа и креативност. Дел од активностите што ги реализиравме беа: Со ова, ја отворивме сезоната на […]

Прочитај повеќе