„Слика-збор“

Вовед:

  • Со оваа лесна и едноставна, а сепак едукативна активност учениците ќе имаат можност визуелно  да се запознаат со неколку од деловите на еден велосипед. Преку поврзување на сликата со соодветниот збор, ги учат некои од деловите на велосипедот.

Цели:

  • Учење и меморирање на некои од деловите на еден велосипед

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 

Форми на работа:

  • Индивидуална работа (секој ученик посебно добива примерок и ја извршува активноста)
  • Групна (одделението се дели во помали групи и секоја од групите дава заеднички одоговор)

Како се спроведува вежбата:

  • Вежбата се спроведува многу едноставно. Споделете примероци со сите ученици и прочитајте го на глас краткото упатство за спојување на сликите со соодветниот збор.
  • Имајте во предвид на почетокот дека секој од учениците ги знае деловите на велосипедот кои се прикажани на сликите во активноста.

Потребни матријали:

  • Примерок од активноста за секој ученик посебно или за секоја груп доколку се работи во групи
  • пенкало или молив 

Очекувани резултати:

  • Учење и меморирање на некои од деловите на еден велосипед

Времетраење на вежбата: 10-15 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Спој ја сликата од левата страна со соодветниот збор кој се наоѓа од десната страна:
Basket.jpg

                                                                        Педала

                                                                            Задно светлоBell.jpeg

Carrier : Luggage Rack.jpg

                                                                  Ѕвоно 

Rear light.jpg

                                                                               Кошница/Корпа

pedal.jpeg

                                                                              Предно светло

Front light.jpg

                                                                              Носач/Багажник

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе