АБВГ Велосипедска проверка

Основни велосипедски делови и системи

Вовед:

  • Скоро секое дете е запознаено со концептот и формата на велосипедите, но како тие функционираат е мистерија, дури и за возрасните. Со основни информации за велосипедските делови и системи, учениците ќе се вклучат и велосипедите ќе станат поинтересни и подостапни. Запознаеноста со велосипедските делови дозволува основна проверка, со цел да биде велосипедот безбеден и да работи добро, и помага да се идентификува одреден проблем, наместо да се каже дека велосипедот е расипан.

Цели:

  • Брзо, лесно и едноставно учење за велосипедските делови и системите од кои се состои еден велосипед како и негова брза АБВГ проверка.

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Практично учење

Форми на работа:

  • Индивидуален
  • Групна форма на работа

Вид на активноста:

  • Учење за деловите, системите, и функциите претставува нов начин за учениците да го гледаат велосипедот поинаку. Погодете го начинот за истражување на велосипедот за да се осигурате дека е интересно, точно, и соодветно за возраста.

Како се спроведува вежбата:

  • Учење за функцијата на велосипедот, механиката и одржувањето е одличен начин да се заинтересираат учениците за велосипедизам во текот на зимата, кога возењето е не толку примамливо или невозможно. Ова е исто така најдобриот период од годината за помош на персоналот од велосипедските продавници и интеракција со истиот.
  • Следењето на долунаведените чекори ќе овозможи секој ученик соодветно да ги рабере сите функции на велосипедот, но и како да на прави брза проверка: 

Главните компоненти за лесно, безбедно и пријатно возење се:

  • Рачки за управување
  • Задржувачки гуми
  • Кочници за запирање
  • Тркала, педали, синџир за тркалање
  • Брзини за променување

Велосипедите се едноставни машини, но потребно е време и труд за да се разберат. Велосипедски механичар или ентузијаст е најсовршената особа за да ги прегледа деловите и системите со улениците, но исто така постојат и многу курсеви, книги, и вебсајтови кои помагаат да се разберат основните работи

  • АБВГ Велосипедска Проверка: Научете ја содржината од АБВГ во делот Велосипедско Одржување, за да го зачувате велосипедот на безбеден начин и за да вози одлично.

А е за Воздух: Проверете ги гумите од долу и од страна, и видете дали има низок воздушен притисок. Гуми со мал притисок се лесни да се дупнат, се тркалаат побавно, и бараат повеќе труд за да се завртат. Препорачаниот притисок е најчесто на страна на гумата, запишан во ФКИ (тежински фунти на квадратен инч/0,454 кг на 6,45 цм2). Ротирајте го тркалото за да видите дали се врти правилно и дали се тријат кочниците. Одржувајте ги рабовите на тркалата чисти, тие се важни за кочниците.

Б е за Кочници: Лостовите за кочници се лесно достапни од кај воланот, и треба да се лесни за притискање и опуштање. Прегледувајте ги кочниците редовно – тие може да ослабуваат со тек на време од самото кочење и кал на патот, и треба да се заменат доколку е потребно. Исто така, како што се истрошуваат кочниците, лостовите мора да се стиснати за да може кочниците да се допрат до работ. Ова може да ја намали функцијата на кочниците. Направете нагодување на цилиндерот за успешна поправка.

В е за Синџири: Синџирот треба да биде чист и подмачкан за да има успешно вртење на педалите и промена на брзините. Избришете ја прашината однапред, и тргнете го вишокот на масло одкога ќе го подмачкате синџирот. Малку рѓа на синџирот значи дека е потребно подмачкување и таа ќе се отстрани со користење. Многу рѓосан синџир треба да се замени од велосипедски механичар.

Г е за Седиште и Управување: Седиштето може да е подкренато, снижено, поместено напред и назад, или под агол. Со седиште на соодветна висина и агол, возењето е многу пријатно. Рачките мора да се удобни и лесно достапни за рацете, не смеат да се опуштени или да се мрдаат независно од предното тркало. Ако се случи ова, користете соодветни алатки за да ги прицврстите назад или тоа може да го направи велосипедски механичар.

Д е за возење велосипед: На почетокот на секоја планирана велосипедска промоција или едукативна програма, учениците треба да нацртаат велосипед, и да означат што е можно повеќе делови од него, и да се потпишат. Откако ова ќе започне, повторете го процесот и поделете ги оригиналните цртежи. Учениците и инструкторите ќе бидат воодушевени од големото познавање.

Потребни матријали:

  • Минимум еден велосипед на лице место за да може неколку ученици заедно да ја праткикуваат целосно оваа активност
  • Следете ги информациите што се наоѓаат во делот АБВГ проверка, за да имате во предвид што конкретно ви е потребно за да ја извршите оваа проверка на својот велосипед

Очекувани резултати:

  • Учење и запознавање со основните велосипедски делови и системи како и учење на брза и кракта проверка на велосипедот

Времетраење на вежбата: 60-90 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Успешна Работилница на Темата Велосипедизам во Св. Климент Охридски – Драчево

Во училиштето Св. Климент Охридски – Драчево, ја реализиравме работилницата на тема велосипедизам, водена од Никола Нешковски. Оваа интерактивна обука беше дел од нашите напори да го промовираме одржливиот транспорт и здравите животни навики кај младите. Работилницата беше поделена на два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел, учениците добија основни познавања за типовите […]

Прочитај повеќе

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево

На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, […]

Прочитај повеќе