Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот
Вовед:
- Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот.
Цели:
- Учење на основните информации за безбедноста на децата во сообраќајот.
Методи и стратегии:
- Метод на учење
- Визуелен метод на учење
- Аудитивен метод на учење
- Перцепција
- Меморија
Форми на работа:
- Групна форма на работа
Како се спроведува вежбата:
- Наставникот на глас ги чита сите важни информации кои се наоѓаат во оваа дневна подготовка за безбедноста на децата во сообраќајот.
- Многу е важно копија од оваа дневна подоготовка да добијат и сите родители во одделението. Без разлика колку и да сме запознаени со основните информации за безбедноста на децата во сообраќајот, никогаш не е премногу да тие информации уште еднаш се повторат и споделат.
- Драги родители:
- Кога ќе видите знак „училиште“, задолжително намалете ја брзината на вашиот автомобил.
- Посветете внимание на движењето на децата во близина на патот до училиште:
- Малите деца се љубопитни и желни да ја истражуваат околината која ги опкружува
- Не ги разбираат сите опасности и што треба да прават за да бидат безбедни
- Може лесно да го изгубат вниманието, но може и да се фокусираат на тоа што е важно за нив
- Уште ја развиваат способноста за проценка на брзината и растојанието на возилата во движење
- Не се искусни како пешаци и може да ги збунат брзи промени во сообраќајот
- Уште ја развиваат способноста за проценка на звукот и растојанието
- Тоа што го гледаат го интерпретираат на различен начин од возрасните
- Може да изговорат реченици и слогани за безбедност, но уште не се во можност да ги практикуваат самостојно
- Сите деца се различни-имајте во предвид дека тоа што функционира со едно дете, може да не функционира со друго
- Сакаат многу од работите да ги прават самостојно-дозволете им до одредена мера, но секогаш бидете присутни и фокусирани кога извршуваат нешто сами.
- Децата се брзи и може една безбедна ситуација многу брзо да прерасне во опасна ситуација
- Бидејќи се мали, на возачите им е потешкода ги забележат, посебно доколку се позади возилото
- Уште ги развиваат своите рефлески и реакции, па им е потребно повеќе време за да застанат кога се во движење
- Посебно бидете внимателни на пешачки премин. Намалете ја брзината навреме, и навремено застанете и пропуштете ги пешаците.
- Возачите секогаш треба да имаат на ум дека децата не размислуваат за опасностите на патот. Запомнете дека тие не се во состојба да ја проценат брзината со која се движат автомобилите.
- Секогаш држете безбедно растојание помеѓу возилата и бидете предвидливи во однесувањето во сообаќајот. На тој начин ќе придонесете за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, посебно на децата.
- Во близина на училиште или градинка внимателно одберете каде ќе го паркирате вашето возило. Паркирањето на тротоар или пешачки премин го попречува движењето на децата, ги насочува децата кон улица и коловозот и на тој начин директно ја загрозувате безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така, неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното преминување на улица станува доста опасно.
- Внимавајте двојно повеќе кога че наидете на пристапи кон училиште или градинка.
- Намалете ја брзината и следете го внимателно движењето на децата во околина на улицата. Секогаш имајте на ум дека децата се непредвидливи и може во секој момент да одлучат да ја претрчаат улицата.
- Секогаш превезувајте ги вашите деца во детско седиште, или користете безбедносен појас во автомобилот.
- Не користите мобилен телефон или други помагала кои ви го одземаат вниманието додека возите автомобил. Посебно бидете внимателни и фокусирани кога возите во близина на училиште или градинка.
Потребни материјали:
- Испечатен примерок од оваа дневна подготовка за секој ученик и родител по можност
Очекувани резултати:
- Учењето на важните информации за безбедноста на децата во сообраќајот се од круцијална важност како за учениците, така и за самите родители.
Времетраење на вежбата: 20-30 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |