Во рамките на проектот „Едукација за безбедност во сообраќајот и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“, започнавме со практичните работилници низ сите основни училишта во општината.
Денешната станица беа:
- ООУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош
- ОУ „Владо Тасевски“ – Козле
Наставниците и учениците активно се вклучија во едукативни и практични активности со цел унапредување на знаењата за безбедно учество во сообраќајот и промоција на активната мобилност.
Безбедноста во сообраќајот и активната мобилност се наши главни приоритети. Веруваме дека преку соодветна едукација, мотивација и тимска работа можеме да изградиме одговорни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.
Голема благодарност до наставниците и директорите на училиштата за отвореноста и поддршката. Продолжуваме со исто темпо и во следните училишта – затоа следете нè за повеќе информации од терен.
Заедно создаваме побезбедна и поодржлива иднина за нашите деца.

















