Велосипедски воз

Вовед:

  • Велосипедскиот воз е велосипедската верзија на пешачкиот училишен автобус. Група на ученици се придружувани од еден или повеќе родители на волонтерите, тие возат заедно на препишаниот пат, придружувани по патот од други велосипедисти кон училиштето.

Цели:

  • Унапредување на велосипедските вештини, како и учење на флексибилност, отвореност и комуникација 

Методи и стратегии:

  • Практично учење

Форми на работа:

  • групна/тимска работа 

Како се спроведува вежбата:

  • Главното за успехот на велосипедскиот воз се флексибилност, одговорност, и отворена комуникација помеѓу семејствата. Семејствата на велосипедскиот воз се организираат да ја споделуваат дневната одговорност на транспорт на децата до и од училиштето. Велосипедските возови даваат можности за стекнување пријателства со другите семејства од соседството и помага да се намали сообраќајот во соседството како и кон училиштето.  Задолжителни чекори за спроведување на велосипедскиот воз се: 
  1. Информираност и согласност на сите родители.
  • Информирајте ги сите родители без разлика дали сите од нив ќе се приклучат со своите деца во велосипедскиот воз.  Подгответе согласност која задолжително треба да биде потпишано од оние родители, чии деца ќе учествуваат во велосипедскиот воз.
  1. Поставен распоред и пат до училиштето.
  • Креирајте распоред и пат од училиштето и поставете го на видно место за да можат што повеќе деца и родители да го видат. А секако и оние кои ќе учествуваат, за  да знаат по кој пат ќе се движи велосипедскиот воз.
  1. Учесници со доволно велосипедски вештини, самодоверба, и искуство кон патот по којшто ќе возат.
  • Регрутирајте учесници кои имаат солидни велосипедски вештини , на кои можете да се потпрете додека го практикувате велосипедскиот воз, како и оние кои можат да бидат добра мотивација за останатите ученици да ги подобрат своите велосипески вештини.
  1. Листа на повици за итни случаи.
  • Подгответе листа на повици за итни случаеви. Оваа листа потребно е да ја имате со себе постојано. Истата споделете ја и со учениците, како и родителите кои ќе учествуваат во велосипедскиот воз. 
  1. Велосипеди соодветни за патот како и безбедносна опрема за сите учесници.
  • За да се одржи велосипедскиот воз во најдобар ред, потребно е велосипедите на учесниците да бидат спремни за на патот. Способноста за возење на учесниците треба да биде соодветна за патот по којшто ќе возат. За возење по патот, учениците треба да ги знаат правилата за патот и да имаат искуство со возење во група.
  • Пред да започенете со спроведување на велосипедскиот воз задолжително проверете ги велосипедите на сите учесници. Замолете некој од родителите кои исто така ќе учествуваат, да ви помогнат во прегледување на велосипедите. 
  • Исто така безбедносната опрема е задолжителна. Носењето на шлем е задолжително за секој учесник во велосипедскиот воз.

Потребни материјали:

  • Соодветни велосипеди за секој учесник во велосипедскиот воз
  • Безбедносна опрема (шлем)
  • Рефлектирачки елечиња (минимум две (за тој што ќе вози напред и за тој што ќе вози позади))
  • Самодоверба, флексибилност, спремност

Очекувани резултати:

  • Безбедно пристигнување до целта (училиштето или домот), унапредување на велосипедските вештини кај учесниците, следејќи ги соодветните сообраќајни знаци.

Времетраење на вежбата:  60-90 минути (во зависност колкаво е растојанието од училиштето до посакуваната цел)

*Дополнителни информации за наставникот: 

  • Велосипедските возови им овозможуваат на учениците да патуваат побрзо и/или на подолги растојанија до училиштето, велосипедските возови соодветно одговараат како активни патни стратегии за дестинацијата на училиштата или за училишта со големи училишни дворови.
  • Велосипедските возови се идеални за соседства кои немаат соодветни патеки или соседства со повеќенаменски патеки и велосипедски патеки.

Варијација: Среќавање и Возење

Кога не е достапна безбедна велосипедска патека до училиштето, растојанијата се големи, или пак возење со други ученици по патот не е возможно, велосипедскиот воз може да започне од претходно одредена локација за средба. Локацијата за средба треба да е доволно просторна за учесниците и нивните семејства да се соберат и подготват за возењето, како и да биде безбедно место од кадешто ќе се навлезе кон патеката. Учесниците сеуште ги добиваат придобивките на забава и активно патување до и од училиштето, а сообраќајот во училишната зона е намален.

Варијација: Краткотраен Велосипедски Воз

Возење до училиштето со велосипедски воз мора да има константна организација и можеби не е соодветен за секого, но несомнено е едно одлично едукативно искуство. Ако долготрајно посветување представува проблем, обидете се да организирате велосипедски воз секој ден во првите две училишни недели: ова дава предност за во доцните летни часови со дневна светлина и добра клима, им дава можност на семејствата да испробаат нова идеја, а децата кои се спремни да возат самостојно или со другарче имаат можност да го научат патот, да вежбаат, и да видат безбедно велосипедско возење представено од водич на велосипедскиот воз.

Варијација: Програма на Велосипедско Другарче

Програмата на Велосипедско Другарче ја намалува формалноста и логистичките предизвици на велосипедскиот воз, додека одржува социјални аспекти и овозможува децата да не возат сами. Групирање на пријатели, соседи, или самоуверени и нови велосипедисти се опциите на програмата Велосипедско Другарче, која овозможува еден механизам (составување и испраќање на листа со заинтересирани ученици до секој дом, одржување состаноци кадешто заинтересирано ученици или семејства се поврзуваат, итн.) за конекција на индивидуални ученици или семејства кои сакаат да возат велосипед до училиште. 

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Успешна Работилница на Темата Велосипедизам во Св. Климент Охридски – Драчево

Во училиштето Св. Климент Охридски – Драчево, ја реализиравме работилницата на тема велосипедизам, водена од Никола Нешковски. Оваа интерактивна обука беше дел од нашите напори да го промовираме одржливиот транспорт и здравите животни навики кај младите. Работилницата беше поделена на два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел, учениците добија основни познавања за типовите […]

Прочитај повеќе

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства во Пехчево

На Меѓународниот ден без автомобили, кој се одбележа во Пехчево, беше претставена нова едукативна содржина која ги поврзува љубовта кон природата, велосипедизмот и едукацијата. Едукативната Вело патека е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, во соработка со „Еко логик“, „Вело Училишта“, основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, […]

Прочитај повеќе