Вело Родео во Пехчево – Почеток на новата учебна година на тркала

Денес, во Пехчево ја започнавме новата учебна година на еден поинаков и динамичен начин – со настанот Вело Родео. Настанот беше одлична можност за децата и младите да се вклучат во активности кои ги поттикнуваат на физичка активност, тимска работа и креативност.

Дел од активностите што ги реализиравме беа:

  • Вело полигон за подобрување на вештините
  • Совети за проверка и одржување на велосипеди
  • LEGO активности за поттикнување на креативноста и логичкото размислување

Со ова, ја отворивме сезоната на дружење и учење на велосипед, а нашата приказна на тркала продолжува понатаму.

Следната станица е Кочани, во рамки на Европската недела на мобилност 2025.

Детали за настанот:
Дата: 19 септември
Време: 18:00–20:00 часот
Локација: Градски парк – Кочани

Голема благодарност до сите учесници за прекрасната енергија, како и до Општина Пехчево за поддршката.

Автор Velo Schools

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе

Продолжуваме со промоција на одржлив транспорт преку Бицибус со ООУ „Петар Поп Арсов“

Иако Европската недела на мобилност е завршена, активностите за промовирање на одржлив транспорт продолжуваат. Како дел од проектот School Streets – Училишни улици, кој се спроведува во рамките на програмата Erasmus+ во соработка со ООУ „Петар Поп Арсов“ реализиравме Бицибус со 25 ученици и 2 наставници со цел подобрување на безбедноста и благосостојбата на учениците […]

Прочитај повеќе