Цената на доставата на производите е во зависност од типот на производот кој го нарачувате и е според тарифникот на доставната служба со која Здружението има склучено договор. Цената на чинење на доставата ја добивате при извршување на нарачката на нашата веб страна во делот “Кошничка“. Доколку нарачката ја правите преку порака на нашите Facebook или Instagram фан страни ќе бидете известени преку порака. Во случај нарачката да ја правите телефонски, операторите од Контакт центарот ќе Ве известат за цената на доставата. Доставата се врши на цела територија на Република Северна Македонија. Доставата се врши секој работен ден од 9 до 17 часот. Цените за достава започнуваат од 100 денари и истите зависат од локацијата за достава. Пред да се достави пратката доставувачот е должен да ве контактира на дадениот телефон за да ве извести за времето на достава како и/или евентуалната промени.
При вршење на нарачката на нашата веб страна може да го изберете начинот на плаќање, а тоа е:
При вршење на нарачката телефонски или преку нашите Facebook или Instagram фан страни опцијата за плаќање е само во готово при достава.
При плаќање со платежна картичка се внесуваат следните податоци: име, презиме, број на картичка, CVV, месец и година. Овие податоци се внесуваат во системот на Комерцијална Банка АД Скопје.