Септември 2025 беше исполнет со активности кои ја промовираа одржливата мобилност и здравиот начин на живот. Европската недела на мобилност беше одбележана со креативни и спортски активности во ООУ „Даме Груев“, член на Вело Училишта, кои покажаа дека ученичката креативност и спортскиот дух одат рака под рака со еколошката свест.
Нашиот член, ООУ „Даме Груев“ од с. Ерџелија, активно се вклучи во активностите под водство на наставничките Кристина Петков и Зорица Митрушева. Вкупно 12 ученици учествуваа во активностите, кои ја истакнуваа важноста на велосипедизмот како забавен и одржлив начин на движење.
Најзначајни активности:
🎨 Ликовна работилница – „Мојот велосипед“
Учениците ја искажаа својата креативност и љубов кон велосипедот преку цртежи и уметнички изрази. Ликовната работилница им овозможи на учениците да создадат свои визуелни прикази на радоста од возење велосипед и значењето на одржливиот транспорт.
🚴 Спортско-рекреативно возење на велосипед
Во рамки на подигнување на свесноста за здрава и чиста животна средина, учениците учествуваа во активното возење на велосипеди. Активноста поттикна користење на велосипеди како еколошки и забавен начин на движење, истовремено промовирајќи безбедност и спортски дух.
Вело Училишта ги поздравува сите активности кои поттикнуваат безбедно, одржливо и забавно движење, и продолжува да ги поддржува своите членови во промоција на велосипедизмот и еколошката свест.





