Забавен Велосипедски Настан во Кочани – Одржлива Мобилност за Безбедни Улици

На 20-ти септември, организиравме забавен велосипедски настан за деца и родители во градскиот парк во Кочани, фокусирајќи се на одржливата мобилност и заедничкото дизајнирање на побезбедни улици! 🛤️✨ Оваа иницијатива ги поврза учесниците со значајни теми како урбана мобилност и безбедност во сообраќајот, истовремено поттикнувајќи активно учество од заедницата.

Настанот беше збогатен со присуството на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, кои одржаа едукативна презентација. Присутните добија корисни информации за безбедно движење на велосипедистите и важноста на соработката помеѓу граѓаните и властите за побезбедни патишта.

Една од највозбудливите точки на настанот беше наградната игра, благодарение на BIKE CENTER Кочани, кои доделија одлични награди за најистакнатите учесници. Голема благодарност до нив за поддршката!

Овој настан е дел од BEYOND THE URBAN проектот, кој е поддржан од Европската Унија и има за цел да ги поттикне локалните заедници да учествуваат во дизајнирањето на подобри, побезбедни и поодржливи урбани и рурални средини. Проектот го става акцентот на еколошките решенија и активното движење како клучни фактори за одржлива иднина.

Благодарност до сите учесници кои придонесоа овој настан да биде успешен и исполнет со позитивна енергија. Придружете ни се во следните активности и продолжете да го поддржувате одржливиот начин на живот! 🌍🚴‍♂️

Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе