Завршна конференција на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“

Во вторник, на 17-ти септември, завршниот настан на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“ се одржа во Каса Ломбардија, Брисел. Овој настан означи значаен успех за проектот, кој има за цел да ја промовира употребата на велосипеди кај децата и младите, преку перспектива на циркуларна економија и одржливост. Настанот беше полн со позитивна енергија, на кој партнерите од цела Европа ги споделија своите искуства и ги презентираа одличните резултати постигнати досега. Голем број на луѓе го следеа настанот и онлајн, што покажува голем интерес за мисијата на проектот.

Проектот „Re-Cycling“ организираше многубројни работилници, тренинзи и саеми низ Италија, Франција, Германија, Австрија и Македонија. Овие активности не беа насочени само кон промовирање на велосипедот како еколошко превозно средство, туку и кон едукација на младите за безбедноста на велосипедите, нивното одржување и поправка. Во согласност со принципите на циркуларната економија, проектот истражуваше начини за продолжување на животниот век на велосипедите, особено бидејќи децата често ги надраснуваат своите велосипеди.

Имавме чест и задоволство да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло, преку организирање на два Вело Родео настани, кои беа оценети како најуспешни меѓу сите останати. Ова признание ни дава дополнителен мотив да продолжиме со нашата работа за најмладите

Интересен факт за настанот е тоа што дел од презентациите ги реализираа токму децата за кои беше и наменет проектот! Освен учесници од Италија и Австрија, нашиот претставник Максим Нешкоски, ученик во трето одделение во ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје, гордо ја раскажа својата вело приказна. Овој момент дополнително го збогати настанот и ја нагласи важноста на едукацијата за велосипедизам уште од најмала возраст.

Со вклучување на стотици деца, семејства, наставници, како и бројни локални организации и компании, проектот „Re-Cycling“ остави траен отпечаток во промоцијата на одржливиот транспорт и создавање култура на еколошка свест. Неговиот успех е доказ за моќта на соработката во формирањето на позелена и поздрава иднина.

Автор Velo Schools

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе

Продолжуваме со промоција на одржлив транспорт преку Бицибус со ООУ „Петар Поп Арсов“

Иако Европската недела на мобилност е завршена, активностите за промовирање на одржлив транспорт продолжуваат. Како дел од проектот School Streets – Училишни улици, кој се спроведува во рамките на програмата Erasmus+ во соработка со ООУ „Петар Поп Арсов“ реализиравме Бицибус со 25 ученици и 2 наставници со цел подобрување на безбедноста и благосостојбата на учениците […]

Прочитај повеќе