„Каде е велосипедот?“
-учиме за просторот помеѓу велосипед и автомобил
Вовед:
- Со оваа активност, учениците ќе се запознаат со основните информации околу потребниот простор помеѓу еден велосипед и еден автомобил како учесници во сообраќајот.
Цели:
- Учење за потребниот просторот помеѓу велосипед и автомобил.
Методи и стратегии:
- Визуелен метод на учење
- Креативен метод на учење
Форми на работа:
- Индивидуален
- Групна
Како се спроведува вежбата:
- Одделението може заеднички да ги дава своите одоговри за активноста која се наоѓа во крајниот дел од оваа дневна подготовка, но може и индивидуално да биде спроведена, каде секој ученик индивидуалнпо ќе ги пополни празните делови во активноста, според сликите прикажани на секое од прашањата.
- Наставничката/кот на почетокот е пожелно да иницира разговор со своите ученици, за тоа дали е потребно да има простор помеѓу велосипед и автомобил, и колкаво е тоа растојание.
Потребни матријали:
- Испечатен дел од вежбата за секој ученик
- Молив/пенкало за пишување/пополнување празните делови од активноста
Очекувани резултати:
- На крајот на активноста, учениците е потребно да имаат јасни и конкретни информации околу тоа колкав е важен просторот помеѓу велосипед и автомобил во сообраќајот
Времетраење на вежбата: 30 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |
Каде е велосипедот?
- Велосипедот е ________________________ колата.
- Велосипедот е ________________________ колата.
- Велосипедот е ________________________ колата.
- Велосипедот е ________________________ колата.