Вовед:
- Оваа активност има за цел развивање на балансот при мала брзина и развивање на вештините за контрола, кои се од основно значење како подготовка за велосипедизам на патот.
Цели:
- Унапредување на вештинити за правилно и безбедно возење на велосипед. Развивање на баланс и контрола при мала брзина.
Методи и стратегии:
- Учење преку пракса/практикување на самата активност
Форми на работа:
- Индивидуален
Како се спроведува вежбата:
- За да ја спроведете соодветно оваа активност потребно е да ги следите следниве неколку чекори. Во зависност од самата тежина на вежбата, можете сами да одлучите дали некои од чекорите кои се посериозни или потешки за практикување да ги прескокнете и да ги направите само оние чекори во зависност од можностите и вештините на учениците за возење на велосипед.
- Пред самото спроведување на активноста имајте ја во предвид следнава мерка на претпазливост:
- Теренот треба да е доволно голем за да се одбегне меѓусебен контакт
- Слободно возење:
- Поставете терени за вакво возење како на цртежот
- Експериментирајте со поставеноста на теренот, посебно ако има и наклон
- Велосипедистите почнуваат по овој терен и забрзуваат на соодветната линија
- Велосипедистите бројат колку обележувачи ќе поминат додека возат слободно
- Активности за подобрување:
- За да се олесни активноста:
- Оставете време за вежбање пред да се навлезе на теренот
- Зголемете ја зоната за забрзување
- Доближете ги обележувачие поблиску
- Направете го теренот малку навален надолу
- За да се отежне активноста:
- Намалете ја зоната за забрзување
- Видете до каде ќе стасаат велосипедистите само едно или две вртења на педалите.
- Други идеи:
- Пробајте седење или стоење
- Имајте натпреварувачка сесија
- Бавна трка:
- Поставете терен за бавна трка како на цртежот
- Сите нека се наредат во линија, со предното тркало на линијата
- Кога ќе кажете СТАРТ, сите МОРА да тргнат
- Велосипедистите треба да возат во права линија, најспоро што можат кон крајната линија цел
- Секој велосипедист кој ќе ја спушти ногата на земја излегува од играта
- Последниот кој ќе ја прејде крајната линија победува.
- Активности за подобрување:
- За да се олесни активноста:
- Оставете време за вежби пред да го користите теренот
- Оставете ги велосипедистите да спуштат една нога долу неколку пати
- За да се отежне активноста:
- Намалете го бројот на шанси кадешто велосипедистот смее да ја спушти ногата долу
- Одржете ја бавната трка на угорница или удолница
- Користете ленти. Велосипедистите не смеат да измрдаат од својата лента
- Други идеи:
- Пробајте седење или стоење
- Управувајте со една рака
- Прејдете од користење на кочници кон некористење.
- ВАЖНО-Белешки за вежбање:
- Кочете и вртете со педалите во исто време. Ова помага за одржување на рамнотежа
- Нагодете ги велосипедите на најлесна (најмала) брзина
- Насочете ги децата кон делот “Бавно движење” од Прирачникот за Велосипедисти
- Охрабрете ги децата да ги вежбаат овие вештини
- Совети за вежбање:
- Пробајте да движите најбавно што можете без да ја спуштите ногата долу
- Кога навистина ќе се подобрите, треба да можете да го правите ова со кочниците и педалите за да ја контролирате брзината
Потребни материјали:
- Обележувачи / конуси, пожелно во повеќе бои
- Креда за на игралиштето
Очекувани резултати:
На крајот на активноста, децата ќе имаат извежбано:
- Бавно возење со баланс и контрола
- Возење во ленти
- Слободно возење и вртење
Времетраење на вежбата: 45-60 минути
Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com
Што ми се допадна од оваа активност? | Што не ми се допадна од оваа активност? | Што би промениле? |