Повторно бевме во ООУ „Владо Тасевски“, каде заедно со учениците и наставниците зборувавме за безбедно учество во сообраќајот и активна мобилност.
Посебен фокус беше ставен на практичната тема: како правилно се лепи дупната гума. Учениците преку демонстрации и вежби се запознаа со основите на самостојно одржување на велосипедот – важна вештина за секој млад велосипедист.
Секако, не заборавивме да ги повториме и основите на безбедно движење низ градот, користењето на рачни сигнали и развојот на сообраќајна култура.
Проектот е дел од „Едукација за безбедност во сообраќај и активна мобилност кај образовен персонал и ученици од основните училишта на ниво на Општина Карпош“, со поддршка од Општина Карпош и во соработка со АМСМ.
#ВелоКарпош #АктивнаМобилност #СообраќајнаКултура
#АМСМ #AMSM #ВртетеБЕЗГРИЖНО #ПатувајтеБЕЗГРИЖНО #ОпштинаКарпош #БезбедниУлици






