Голема безбедносна дебата

Активност 3: Голема безбедносна дебата

Вовед:

  • Како патувањето до училиште биде интерсно, активно но пред се безбедно?
  • Патување активно до школо е одличен начин за млади луѓе да направат многу од вежбите што им требаат за тие да останат здрави, додека доказите покажуваат дека тие исто така стануваат побудни и подготвени за да учат. Оваа активност нуди забава и ангажирање активности базирано на веловозење, пешачење и скутерување (скутери/тротинети) што можат лесно да се вклопат во зафатениот школски ден.

Цели:

  • Учениците дискутираат решенија за општи безбедносни загрижености.

Методи и стратегии:

  • Метод на разговор и дискусија

Форми на работа:

  • Групна форма на работа

Како се спроведува вежбата:

  • Разделете ги учениците во групи за да дискутираат на тамата за безбедност на школско патување, било нивно лично или воопшто. Слободно поттикнете ги на разговор користејќи ги следниве потсетувања:

Дали сите деца треба да носат шлемови?

Дали веловозење и скутерување се безбедни?

Дали шлемовите треба законски да се бараат?

Дали шлемовите всушност нè прават побезбедни?

Што ни помага да останеме безбедни на патувањето до училиште?

Кои работи го прават небезбедно школското патување?

  • Учениците можат да го сортираат она што го запишале според редослед на важност, или да дискутираат решенија за проблеми што ги покренуваат, па истите да ги презентираат пред останатите ученици од одделението. Поставете временски граници за секој дел од задачата.
  • Проширете во потполна дебата. Или одберете предмет за дебата, или направете целото одделение да гласа за темите што тие ги дискутирале. Одберете два тима од по тројца како и претседател, а остатокот од одделението може да  слушаат и гласаат. Можете да дозволите извесен број на прашања колку што времето дозволува. 

Потребни матријали:

  • Желба и мотивација за разговор и дискусија

Очекувани резултати:

  • Конструктивна дебата со придонес од целото одделение за безбедносно патување до училиште.

Времетраење на вежбата: 30 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе

Креираме вело култура: најуспешните училишта во октомври

Во рамки на програмата Вело Училишта, и оваа учебна година продолжуваме да ги одбележуваме најактивните, најкреативните и најпосветените училишта. Училиштата кои преку активен транспорт, безбедно учество во сообраќајот и развивање здрави навики кај учениците придонесуваат кон подобро, поздраво и поодржливо општество. Месец октомври ни покажа колку вело-енергија постои во училиштата низ цела Македонија. Наставници и […]

Прочитај повеќе