Дали некогаш сте го посетиле скопскиот аквадукт во Визбегово?
Аквадуктот е важна знаменитост за градот, иако многу ретко се посетува.
Ајде да ги земеме велосипедите и да се упатиме на една вело прошетка за време на викенд. Понесете си ужини и поминете едно сончево претпладне со најблиските оддалечени од градскиот метеж.
За жал до аквадуктот нема велосипедска патека, па ќе треба да се движите по десната ивица од патот, за да пристигнете до местото.