Расклопување на внатрешна гума

Вовед:

  • Основните информации за функционирањето на велосипедот дозволува основна проверка, со цел да биде велосипедот безбеден и да работи добро, и помага да се идентификува одреден проблем, наместо да се каже дека велосипедот е расипан или пак несоодветен за тој што сака да го вози во моментот.
  • Учењето како се расклопува внатрешна гума од велосипедот, претставува само еден дел основните информации што секој ученик треба да ги знае пред  да започне секојдневно да го користи својот велосипед.

Цели:

  • Учење на начинот како се расклопува внатрешна гума

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • практично учење

Форми на работа:

  • индивидуален
  • групна/тимска работа (одделението се дели во помали тимови или групи од по 4 или 5 ученика)

Како се спроведува вежбата:

  • Првата слика покажува дека е потребно да го ослободите тркалото од велосипедот.
  • Втората слика покажува дека е потребно да го олабавите ланецот, за да можете слободно да го вбртите тркалото.
  • На следните две слики по ред се гледа на кој начин треба со мал и соодветен алат да ја кренете надоврешната гума, за да можете соодветно да ја извадите внатрешната гума.
  • И последната слика е како е потребно надворешната гума повторно да ја наместите.
  • Дозволете им на заинтересираните ученици практично да го поминат целосниот процес на расклопување на внатрешна гума.
Расклопување на внатрешна гума.jpg

Потребни материјали:

  • Доколку е возможно најубаво е на лице место да можете да имате велосипед или пак само едно тркало од велосипедот за да може на лице место да се покаже/спроведе активноста
  • Соодветен алат за да може да го извадите тркалото и внатрешната гума

Очекувани резултати:

  • После спроведување на оваа активност учениците ќе се здобијат со знаење како сами да можат да ја расклопат внатрешната гума од нивниот велосипед.

Времетраење на вежбата:  40 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе