„Спремен сум да го возам својот велосипед“

-каква облека ни е потребна за возење велосипед, во зависност од времето

Вовед:

  • Со спроведување на оваа активност, учениците ќе се запознаат со тоа каква облека е потребно да носат додека возат велосипед. Во зависност од тоа дали е сончево или врнежливо времето, соодветната облека е еден од најважните услови и предзнаења за да може едно патување со велосипед да се испланира во целост.

Цели:

  • Учење на основни информации за соодветната облека додека возиме велосипед, во зависност од временските услови

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Креативен метод на учење
  • Перцепција и меморија

Форми на работа:

  • Индивидуален

Вид на активноста:

  • Секој ученик  индивидуално ја пополнува приказната за Александар и Сандра и кој вид на облека треба да понесат/облечат додека возат велолсипед.

Како се спроведува вежбата:

  • Секој ученик во одделението треба да добие еден примерок од приказната за Александар и еден примерок од приказната за Сандра. Приказните се наоѓаат на крајот од ова дневна подготовка. На самиот почеток разговарајте со вашите ученици околу различните видови на облека која е наменета за возење на велосипед. Дури потоа, споделете им ги и двете приказни за да можат да ги пополнат празните места.

Потребни матријали:

  • Испечатен дел од вежбата за секој ученик
  • Молив/пенкало за пишување/пополнување на кратките приказни

Очекувани резултати:

  • Учење за основниот вид на облека, потребна додека се вози велосипед

Времетраење на вежбата: 30 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Одбери соодветна облека за Александар и Сандра.

Ова е Александар. Тој ќе го вози својот велосипед. Денес времето е сончево и топло. 

Александар носи маичка и еден пар …………………….. Тој си носи и шише со ………………………и ги 

става неговите………………………за сонце. Тој е подготвен да го вози својот велосипед!

Ова е Сандра. Таа ќе го вози нејзиниот велосипед. Денес времето е врнежливо и ладно. 

Таа ја става својата марама, нејзините …………………. и нејзините……………………..  М, и фали можеби и нејзината розева……………………….

Сега таа е подготвена да го вози нејзиниот велосипед!

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе