Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата.

Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење е едноставен, но исклучително ефективен начин за промоција на здрави животни навики, зголемена физичка активност и поголема безбедност во сообраќајот.

Во активноста учествуваа 30 ученици од одделенијата II-1 и IV-2, кои поминаа пеш околу 1,5 километар со темпо прилагодено на нивната возраст. Со соодветна организација и употреба на безбедносни елеци, целата рута беше реализирана мирно и без какви било потешкотии.

Покрај физичката активност, Педибусот придонесува и за подобра концентрација на учениците, развивање на чувство за одговорност, зајакнување на социјалните врски меѓу децата и создавање позитивен однос кон пешачењето како начин на секојдневно движење.

Интересот и ентузијазмот кај учениците покажаа дека ваквите активности се прифатени со големо задоволство, а желбата за повторна реализација со подолга рута е јасен показател за нивниот успех.

Активноста на ООУ „Малина Попиванова“ се надоврзува и на пошироките напори на Општина Кочани за поттикнување одржливо и безбедно движење на учениците, како што е зимскиот „3-МИНУТИ ПРЕДИЗВИК“, кој ги охрабрува децата последните 50–100 метри до училиштето да ги поминуваат пеш. Во рамки на овие иницијативи, со поддршка на Вело Училишта и преку едукативни активности поврзани со Еразмус+ проектот „Училишни Улици“, на наставниците им беа претставени моделите Педибус и Бицибус како практични и безбедни решенија за секојдневен ученички транспорт. Ваквите примери покажуваат како локалните кампањи и училишните активности заедно придонесуваат кон поздрави, побезбедни и поодржливи училишни заедници.

Со секое ново училиште што се приклучува, Педибусот станува силна алатка за градење поздрави, побезбедни и поактивни училишни заедници.

Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид се приклучи на Европската недела на мобилност

ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец – Охрид, како активен член на мрежата „Вело училишта“, се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Под менторство на проф. Тања Пуцоска Бунческа и проф. Игор Настоски, учениците од еко-секцијата со своите велосипеди испратија силна порака за значењето на одржливата мобилност. 👉 Велосипедот не е само средство за […]

Прочитај повеќе