Како да нарачам?
Нарачката може да ја извршите директно на нашата веб страна, телефонски на +38975248609 или преку порака на нашите Facebook и Instagram фан страни.
Како да платам?
При вршење на нарачка директно од нашата веб страна го бирате методот на плаќање, и тоа:
● Во готово при достава
● Со дебитна или кредитна картичка
● Профактурно за правни лица
Доколку нарачката ја вршите телефонски, плаќањето се врши во готово при достава.
За колку време ќе ми пристигне пратката?
Вашите нарачки за најголем дел од производите се испорачуваат во рок од 3 работни денови
од денот на нарачка. За нарачки надвор од Скопје, производите се испорачуваат во рок од 3 до
7 работни денови.
Дали доставувате до сите населени места?
Да, доставата на нашите производи се врши до сите градови, села и населени места на територија на целата држава, до ваша адреса.
Колку чини доставата и дали е различна за различни градови?
Цената на доставата е во зависност од бројот на производи, нивната големина и тежина.
Цените за достава започнуваат од 100 денари и истите зависат од локацијата за достава.
Доколку нарачката ја правите телефонски или преку порака на нашите Facebook и Instagram
фан страни, операторите од контакт центарот ќе ве известат за цената на чинење на доставата.