На покана на Вело Училишта, Националниот парк Шар Планина се приклучи како клучен природен партнер во европскиот проект „Trails for Change“, кој обединува организации од 8 европски земји со цел воспоставување одржлива рамка за управување со планински патеки, велосипедизам, трејл трчање и планинарење.
Проектот создава рамнотежа помеѓу сè поголемата популарност на спортовите на отворено и потребата од заштита на природата, биодиверзитетот и локалните заедници. Преку транснационална соработка се развиваат стандарди, обуки и политики за долгорочно одржливо користење на природните подрачја.
Улогата на Вело Училишта
- Обуки за одржливо организирање спортски настани
- Промовирање одговорен однос кон патеките
- Вклучување на млади, деца и семејства во еколошки спортски активности
- Воведување зелени практики во велосипедски настани
- Train-the-Trainers програми за локални експерти
- Развој на едукативни и дигитални алатки за подигање на јавната свест
Улогата на Шар Планина
- Развој на модели за одржливо планирање и одржување на планински патеки
- Балансирање на рекреативните активности и заштита на екосистемите
- Експертиза за управување со шумски и планински терени
- Поддршка на спортски настани со минимално влијание врз природата
- Вклучување на локалните заедници во еко-туризам
Проектот ја зајакнува европската соработка со локално влијание: развој на стандарди за патеки, пилот одржливи настани, обука на професионалци и волонтери и кампањи за јавна свест.
Македонија, преку Вело Училишта и со поддршка од Националниот парк Шар Планина, активно учествува во поставувањето европски стандарди за одржливо управување со спортовите на отворено.
Финансирано од Европската Унија. Сепак, изразените ставови и мислења се само ставови на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на Европската Извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.



