Вело Училишта

ВЕЛО УЧИЛИШТА

ЗА НАС

Програмата „Вело училишта” има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија.

Како дел од една посветена мрежа, на основните училишта низ Македонија им е овозможено да организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и безбедноста во сообраќајот. Програмата “Вело училишта” се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кои успешно имплементираат активности поврзани со темата велосипедизам.

Применлив пристап

Програмата воведува пристап кој ја стимулира конкуренцијата помеѓу училиштата кои учествуваат, како и размена на своите искуства. Потребните прашања за безбедноста на патиштата што ги попречуваат почестата употреба на велосипеди низ училиштата, кои учествуваат се опфатени преку активно ангажирање на локалните власти во текот на имплементирање на програмата.

Цел

Програмата има за цел да развие мрежа на акредитирани основни училишта низ цела Македонија, кои ќе работат самостојно и како заедница посветени на следење и проценка на активностите, како и споделување на нивните искуства меѓу врсниците.

Активни членки

Во вело мрежата се вклучени основни училишта од голем број на општини низ државата и тоа: Центар (Скопје), Карпош (Скопје), Виница, Радовиш, Кочани, Чашка, Чешиново-Облешево, Илинден (Скопје), Гази Баба (Скопје), Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија, Пехчево, Гевгелија, Куманово, Зрновци, Лозово, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Пробиштип, Кисела Вода (Скопје), Македонска Каменица, Велес, Битола, Охрид, Крива Паланка, Кичево, Аеродром (Скопје).

Во рамките на програмата се организираат локални работилници, за сите училишта кои учествуваат, за да се обезбедат подетални информации за истата. Покрај тоа, овие работилници обезбедуваат одличен начин за генерирање на мрежа меѓу училиштата што им овозможува да ги споделат искуствата и идеите за најдобри практики.

Како дел од програмата се предвидени различни видови на активности и креативни работилници за наставниците и учениците.

Очекувани резултати од програмата:

Зголемена свест на учениците, родителите, наставниците и општинските власти во избраните пилот општини за придобивките од користењето на велосипедите како алтернатива за секојдневните транспортни средства, но исто така и знаење за потребите во поглед на патната инфраструктура и безбедноста.

Главната цел на програмата е да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија, преку првата „Вело училишна мрежа”.

Вело Училишта е програма која е препознаена и со добиени позитивни препораки за нејзина имплементација во училиштата ширум Република Македонија, од страна на Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието.

Концепот на програмата Вело Училишта е заштитен/патентиран од страна на Државниот завод за индустриска сопственост во Македонија, со донесено решение за признаено право под број: 29291