Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски, но и практично. Оваа активност е за унапредување на велосипедските вештини во безбедна средина, преку која се учат нови нешта како: баланс, контрола, рамнотежа и сл. Основата на самата активност е вежбање и усовршување на балансот при возење на велосипед, со акцент на возење при мала брзина.
Како се спроведува самата активност:
- За оваа активност е потребен терен со права насока, поделена на неколку “ленти или патеки“ при што целта е да се помине зададената должина на патеката од страна на секој ученик, меѓутоа без симнување на стопало на земја при возењето.
- Оној кој ќе успее да е последен е победник. Можеби ви звучи чудно, но целта на оваа игра е учениците што подолго да балансираат на својот велоиспед.
- Активноста може да се организира со двајца но и повеќе ученици – без ограничување, се додека просторот ви го дозволува тоа.
- Група на ученици може да вози одеднаш ако има доволно простор.
- Теренот треба да биде најмалку 20 метри долг, а секоја лента најмалку 1 метар во широчина.
- Учениците учат одлична контрола на велосипедот, баланс, и управување.
Потребни материјали:
- Велосипед/и
- Заштитна кацига
- Креди и/или ленти за обележување
- Конуси (опционално)
- Ленти/јажиња (опционално)
Очекувани резултати:
После спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат подобрени вештини за возење на велосипед, со акцент на подобрен баланс и контрола врз својот велосипед.
Времетраење на активноста:
45 минути
Дополнителни информации:
- Користете креда, конуси или јажиња за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување. Превземи слика за детален приказ
- Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат. Доколку сакате и можете, слободно вклучете и родители во ова активност. Верувајте, ќе им биде и на нив забавно.
- Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.