Цик-цак

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски, но и практично. Активностите кои ги споделуваме преку серијалот на активности за велосипедизам се одличен начин за учениците да ги унапредат сопствените велосипедски вештини во безбедна средина без сообраќај, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Оваа активност која исто така е позната и како слалом или престрој, им помага на децата во развивање на својата контрола, баланс и координација.

Како се спроведува самата активност:

  • Користете сообраќајни конуси за оваа вежба за да може да го обележите теренот каде учениците ќе ја спроведуваат истата.
  • Доколку немате конуси можете и со креда да го обележите теренот или пак едноставно со било каков друг поцврст предмет (пластично шише наполнето со вода, ранец).
  • Учениците треба да возат со своите велосипеди помеѓу конусите без да ги удрат.
  • Најдобро е вежбата да ја започнете со широк престрој, односно со поголемо растојание помеѓу конусите, за да можат учениците да разберат како да управуваат со потпирање на велосипедот како што се движат околу конусите.
  • Како учениците ќе ја поминуваат вежбата по неколку пати и ќе бидат се подобри во своите велосипедски вештини, конусите ќе може да ги доближувате, односно да го смалувате растојанието од еден до друг конус.
  • Оваа активност им помага на учениците во развивање на својата контрола, баланс и координација.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Креди за бележење на теренот
  • Конуси (опционално)
  • Желба за учење и унапредување на сопствените велосипедски вештини

Очекувани резултати:

После спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат подобрени вештини за возење на велосипед, со акцент на подобрен баланс, координација и контрола врз својот велосипед.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или јажиња за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности  се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат. Доколку сакате и можете, слободно вклучете и родители во ова активност. Верувајте, ќе им биде и на нив забавно.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.

Автор Velo Schools

Педибус во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Мал чекор до училиште, голем чекор за заедницата

На 25 декември 2025 година, улиците во Кочани станаа училница на отворено. Околу 75 ученици, придружувани од 4 наставници, организирано ја поминаа Педибус рутата долга 3 километри, за само 30 минути – без автомобили, со насмевки, движење и чувство на заедништво. Педибусот е едноставен, но моќен модел: група ученици пешачат до училиште по однапред утврдена […]

Прочитај повеќе

Уште едно училиште се приклучи кон реализацијата на Педибус

Учениците од ООУ „Малина Попиванова“, заедно со наставниците по ФЗО Андреј Минов и Александар Шалевски, успешно реализираа Педибус активност, со што училиштето стана дел од иницијативата за поттикнување безбедно и активно движење кај децата. Педибусот претставува организирано пешачење на учениците до и од училиште, во група и под надзор на возрасни. Овој модел на движење […]

Прочитај повеќе